25 research outputs found

    УНАПРЕДУВАЊЕ НА УПРАВУВАЊЕТО СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

    Get PDF
    Управувањето со човечки ресурси подразбира прибирање, селекција, развој, одржување, приспособување, насочување и користење на човечките потенцијали во согласност со целите на компаниите, со истовремено почитување на индивидуалните потреби и цели на вработените. Докажано е дека практиките на управувaње со човечки ресурси се поврзани со изведбата на вработените и севкупната организациска изведба. Сите тие укажуваат на потребата јавните претпријатија конзистентно да ги имплементираат регрутирањето и селекцијата, обуката и развојот, управувањето со кaриерата, системот за наградување, планирањето на човечките ресурси и благосостојбата на вработените заради подобра работна перформанса на вработените и постигнување на организациските цели. Овој труд препорачува идни истражувања на факторите кои можат да имаат влијание врз изведбата на вработените во претпријатијата

    Butterfly surveys in Albania during 2014 including the discovery of two new species for the country

    Get PDF
    During field surveys conducted in Albania in 2014, we encountered 90 species of butterflies. Anthocharis damone Boisduval, 1836 is a new species for the fauna of Albania while Apatura metis Freyer, 1829 is confirmed for the country. With these discoveries the number of butterfly species known to occur in Albania has risen to 200 and our surveys added many new sites for species considered rare and local in Albania. In addition, the life cycles of Lycaena ottomana (Lefèbvre, 1830) and Apatura metis from Albania are documented and discussed

    Современи трендови во туризмот и одржливиот развој

    Get PDF
    Книгата „Современи трендови во туризмот и одржливиот развој“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на современите трендови и тенденции во туризмот и угостителството и одржливиот развој. Материјалот во книгата е поделен во две основни поглавја. Првиот дел е посветен на современите трендови во туризмот и угостителството, а опфатен е материјалот кој се однесува на меѓународните трендови во туризмот и патувањата, современите тенденции на ресторанската понуда и гастрономијата, трендовите во едукацијата на кадри за туризмот и угостителството и трендовите во хотелиерството. Покрај тоа, се обработуваат трендовите во организацијата на настани и манифестации, трендовите кај туристичките дестинации и Националните организации за туризам, современите трендови кај туристичките агенции и туристичкото водење и трендовите во туристичкиот сообраќај. Исто така, посветено е внимание на пристапен туризам, СМАРТ туризам, активен туризам, вселенски туризам, бекпекер туризам и велнес туризам. Во вториот дел се обработува материјата поврзана со компоненти на одржливиот развој, поим и историски развој на концептот одржлив развој и одржливиот развој во туризмот и угостителството. Исто така, опфатени се меѓународните практики на одржлив развој во туризмот, како влијанието на туризмот врз животната средина, одржливиот развој во развиените европски земји и светски примери на одржлив развој. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на современите трендови во туризмот и одржливиот развој. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со современите трендови во туризмот и одржливиот развој. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии

    Давање услуги на туристи во приватни сместувачки капацитети

    Get PDF
    Книгата „Давање услуги на туристи во приватни сместувачки капацитети“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туризмот и приватното сместување. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на давање услуги на туристи во приватното сместување. Материјалот може да се користи и за потребите на неформалното образование, за верифицирана посебна програма – Оператор за приватно сместување. Материјалот во книгата е поделен во седум основни поглавја. Во првиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на поим и дефинирање на туризмот и угостителството, регионалната распространетост на туризмот и современите светски тенденции во туризмот. Исто така, обработен е материјалот поврзан со статистичките податоци за секторот туризам во нашата земја. Во вториот дел се разгледуваат активностите поврзани со пречек, прием, сместување и испраќање на гости. Во материјалот се обработуваат теми поврзани со видови објекти за сместување и приватни сместувачки капацитети, деловен и куќен ред во објектот за сместување, користење на информатичка технологија во работењето, прием на гости, сместување на гости, испраќање на гости, техника на работа во домаќинството, магацинско работење, набавно и финансиско работење на објектот за сместување, подготовка и послужување на храна и пијалаци во објектот за сместување. Третиот дел е посветен на формирање на цени на услуги за сместување, како и продажба и промоција преку интернет и социјални мрежи. Четвртиот дел има за цел да ги опфати законските прописи во работењето. Во материјалот се презентирани поважните законски прописи, како и извршување и одговорност кон работите и работните задачи. Петтиот дел прави осврт на договори во областа на угостителството и туризмот и останати договори. Во шестиот дел е опфатен материјалот кој се однесува на комуникација со гости и комуникација со соработници. Седмиот дел е посветен на практичната работа во приватни сместувачки капацитети. Опфатени се поим и видови практична работа, а исто така и значењето на практичната работа. Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со услужувањето гости во приватни сместувачки капацитети. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии

    Унапредување на управувањето со човечките ресурси во јавните претпријатија

    Get PDF
    Управувањето со човечки ресурси претставува управувачка активност што подразбира селекција, развој, одржување, прилагодување, насочување и користење на човечките потенцијали во согласност со целите на компаниите, со истовремено почитување на индивидуалните потреби и цели на вработените. Докажано е дека практиките на управување со човечки ресурси се поврзани со изведбата на вработените и севкупната организациска изведба. Целта на овој труд е да се дојде до сознанија за тоа дали постои таква поврзаност помеѓу одделните практики на управување со човечки ресурси и изведбата на вработените во јавните претпријатија. Примерокот за истражување е случаен, составен од 60 испитаници вработени во јавните претпријатија на Република Македонија. За собирање на податоци беа користени Прашалник за изведба на вработените и Прашалници за практиките на управување со човечки ресурси (регрутирање и селекција, обука и развој, управување со кариерата, систем за наградување, планирање на човечки ресурси и благосостојба на вработените). Резултатите од истражувањето покажаа постоење на позитивна линеарна поврзаност помеѓу секоја од практиките на управување со човечки ресурси и изведбата на вработените во јавните претпријатија. Вака добиените резултати се во согласност со најголем дел од истражувачките резултати во литературата од оваа област. Сите тие укажуваат на потребата јавните претпријатија конзистентно да ги имплементираат регрутирањето и селекцијата, обуката и развојот, управувањето со кариерата, системот за наградување, планирањето на човечките ресурси и благосостојбата на вработените заради подобро исполнување на работните задачи на вработените и постигнување на организациските цели. Овој труд препорачува идни истражувања на факторите што можат да имаат влијание врз изведбата на вработените во претпријатијата. Клучни зборови: јавни претпријатија, практики на управување со човечки ресурси, изведба на вработенит

    Apatura metis Freyer 1829

    No full text
    Apatura metis On 16.VII.2014, while exploring the shoreline along the Albanian side of Lake Skadar (Lake Shkodër), a female of A. metis was observed flying around a small Salix alba tree growing in partial shade surrounded by larger trees (Fig. 18). On inspection, two eggs were discovered on the underside of a leaf of a newly formed shoot (Fig. 12). The ova were sampled for a rearing programme. A detailed description of the lifecycle of A. metis has previously been published (Weidemann 1982a, 1982b, 1982c, 1982d; Lorković 1983), but, nevertheless, we include some brief notes on the rearing programme of this interesting population. The rearing regime was completed in plastic containers, one larva per receptacle. The freshly laid eggs were pale green in colour, quickly changing dark green within 24 hours. Prior to hatching, the eggs became darker. The first caterpillar hatched on 22.VII.2014 (Fig. 13), the second larva a day later. Fresh shoots of Salix alba were introduced every one to two days, and the young larvae developed rapidly on new leaves. The larvae fed predominantly on the leaf margins (Fig. 14), retreating to the leaf tips when at rest. The first L₁ caterpillar moulted on 26.VII.2014 (Fig. 15), the second larva the day after. The skin change to L₃ was not witnessed by FF, but on 2.VIII.2014 one caterpillar had changed to L₄ and by 7.VIII.2014 was already in its final instar (Fig. 16). On 13.VIII.2014 the first larva pupated on a branch inside the breeding enclosure. The pupae was light green in colour (Fig. 17), becoming darker prior to hatching (Fig. 19). On 23.VIII.2014 a female hatched (Figs. 20 -21). The second caterpillar had a slower development, reaching its final instar four days later. Due to possible dehydration, as a consequence of a rearing error, this larva did not pupate normally and the malformed pupae failed to hatch. The fact that both caterpillars refused to enter diapause supports the hypothesis that a possible second or even third generation could occur at the end of August/beginning of September. Third generation is known from the eastern part of the species range in Far East Asia (Lee 2009).Published as part of Micevski, Nikola, Franeta, Filip, Gascoigne-Pees, Martin, Micevski, Branko & Verovnik, Rudi, 2015, Butterfly surveys in Albania during 2014 including the discovery of two new species for the country, pp. 1-12 in Ecologica Montenegrina 3 on page 10, DOI: 10.37828/em.2015.3.1, http://zenodo.org/record/803206

    Lycaena ottomana

    No full text
    Lycaena ottomana Two females, one from the site at Kelcyrë the other from Tepelenë, were placed in a netted pot containing Rumex acetosa Linnaeus, brought specifically to Albania by MGP for the purpose of a rearing experiment. Ova were laid on the leaves (a majority on the undersides) and the stems of the plant (Fig. 3). On hatching, L ₁ larvae immediately started to feed on the underside leaves of their host plant (Fig. 4). Once transferred back to the UK the larvae developed rapidly (Figs. 5-6), brought on by the warmth of MGP's conservatory, and pupation took place on 20.VI.2014 (Fig. 7). The first adult, a male, emerged on 30.VI.2014 (Fig. 8), the first female on 7.VII.2014 (Figs. 10-11).Published as part of Micevski, Nikola, Franeta, Filip, Gascoigne-Pees, Martin, Micevski, Branko & Verovnik, Rudi, 2015, Butterfly surveys in Albania during 2014 including the discovery of two new species for the country, pp. 1-12 in Ecologica Montenegrina 3 on page 7, DOI: 10.37828/em.2015.3.1, http://zenodo.org/record/803206
    corecore