5 research outputs found

    Креирање на можности за зголемување на вработеноста во РМ со избор на модели за финансирање на иновативни идеи, преку користење на информации од ревидираните финансиски извештаи на компаниите

    Get PDF
    Интерес за работењето на деловните субјекти имаат голем број на интерни и екстерни стејкхолдери. За донесување на квалитетни деловни одлуки потребни се информации. Финансиските извештаи се основен извор на информации за работењето на деловните субјекти. Информациите содржани во финансиските извештаи добиваат на тежина и веродостојност, односно го зголемуваат својот кредибилитет пред пошироката јавност со чинот на ревидирање на истите. Меѓународните стандарди за финансиско известување и Меѓународните ревизорски стандарди, претставуваат општа регулативна рамка за подготвување на финансиските извештаи и вршењето на ревизија на истите, со што се обезбедува унифициран начин на финансиско известување и достапност на информациите за финансиската состојба и успешност на компаниите на глобално ниво. Информациите презентирани во финансиските извештаи, комбинирани, споредени, ставени во сооднос, даваат показатели и коефициенти за оперативната активност, профитабилноста, рентабилноста, ефикасноста на користењето на средствата, финансиската стабилност и ликвидност, како и за политиките за исплата на дивиденди и заработувачката по акција. За да се овозможи пазарна трансформација на капиталот, како и ефикасна алокација на потребните слободни финансиски ресурси, потребно е да има организирани финансиски пазари и институции и регулативна рамка за нивно функционирање. Финансирањето на развојните планови и проекти на компаниите, кои ја зголемуваат можноста на компаниите за отворање на нови работни места (како во постоечките, така и во новите компании) може да биде од: сопствени извори (реинвестирање на остварената добивка), банкарски кредити, примарна и секундарна емисија на хартии од вредност (акции и корпоративни обврзници) и секако преку странски директни инвестиции. Избраниот модел на финансирање има директно влијание врз натамошниот тек на активностите и успешноста на компаниите, како и врз зголемување на човечкиот потенцијал. Токму затоа ова истражување ќе биде насочено кон дефинирање и идентификување на информативната функција на презентирањата во финансиските извештаи, кредибилитетот на презентирањата кој се постигнува со ревидирањето на финансиските извештаи при носењето одлуки за избор на модели за финансирање на развојните проекти на компаниите и поттикнување на вработивањето на млади, стручни кадри

    Quellen- und Literaturverzeichnis

    No full text
    corecore