26 research outputs found

    Педагогија - скрипта

    Get PDF
    Скриптата „Педагогија“ е наменета за студентите од Филолошки факултет – наставна насока, како идни наставници по јазик и книжевност. Во целост одговара на наставната програма по предметот Педагогија. Целта на овој труд е да се систематизираат сознанијата за педагогијата како наука, нејзините дисциплини и нејзиниот однос со другите науки. Во овој ракопис се обидов да ја доловам педагогијата како наука за воспитанието, нејзиниот предмет, задачи, законитости и принципи, почнувајќи од нејзиниот историски развој, достигнувањата на педагозите и нивните педагошки мисли, нивните поуки и искуства кои треба да нè потсетуваат на нашиот долг кон идните генерации. Покрај ова, оваа скрипта содржи избрани и обработени содржини кои треба да ги воведат студентите во значењето на педагогијата како наука за воспитанието, да се воведат во целите и задачите на воспитанието, како и со други теми кои се значајни за нивната педагошка работа. Ќе се запознаат со историскиот развој на воспитанието, почнувајќи од првобитното општество, па сè до ден денес. Со овој материјал, студентите систематски ќе се запознаат со воспитно – образовниот систем во РСМ, ќе се запознаат со неговата структура, цел и задачи. Систематски ќе се воведат во основните документи кои се темел на работата на едно училиште како институција и со чија помош се остварува целокупната воспитно – образовна задача на училиштето. Како идни наставници и педагози, од особено значење во овој ракопис е и местото на наставниците во воспитно – образовниот процес, нивните работни обврски, како и условите, активностите и задачите кои се поставуваат пред нив за нивно професионално и кариерно унапредување. Од авторо

    Синдром на „согорување“ како појава кај наставниците во одделенска настава

    Get PDF
    Современиот начин на живеење претставува постојан извор на стрес за поединецот. Промените кои се случуваат во општествената, економската, политичката и социјалната сфера условуваат и наметнуваат промени во работните организации. Образованието како важна област на човековото живеење исто така е подложно на овие промени. Тие директно се одразуваат и врз наставниците како носители на воспитно - образовната дејност, кои постојано се изложени на нови барања и задолженија поврзани со наставничката професија. Наставничката професија во себе вклучува многу улоги на наставникот: пренесувач на знаење, воспитувач, комуникатор, соработник, администратор и др. Секоја од овие улоги со себе носи барања кои наставникот треба да ги исполни. Во последните дваесетина година во РСМ, наставниците се изложени на голем број општествени, економски и реформски промени во образованието. Стресот и синдромот на „согорување“ на работа се истакнуваат како битни општетсвени и професионални феномени чии последици се одразуваат врз работата и ефикасноста при извршувањето на работните задачи. Синдромот на „согорување“ се дефинира како „продолжен одговор при хронична изложеност на емоционален и меѓучовечки стрес на работа“,(Maslach, 2003: 1), а го сочинуваат три компоненти: емоционална исцрпеност (преосетливост, емоционална празнина, вкочанетост), деперсонализација ( чувство на отуѓеност, безличен однос со колегите) и ниски постигања ( самоомаловажување, чувтсво на некомпетентност кое ја намалува ефективноста во работата). Целта на ова истражување е да се евидентира појавата на „согорување“ кај наставниците од одделенска настава и да се утврди степенот на „согорување“. Во ова истражување е користена чек листа за професионално согорување, а испитаниците одговараат со Да или Не само за евидентирање на појавата. Во иницијалната примена на орегиналната скала (Seidman i Zager, 1986.) се издвоени четири фактори кои ги употребивме и во ова истражување. Се состои од 21 честица (искази), поделени во четири субскали и тоа: А) Перцепција на административната поддршка; Б) Задоволство од избраното занимање; В) Соочување со стресот на работното место и Г) Ставови спрема учениците. Од користениот самотест за степен на изразеност на појавата на „согорување“ ќе се констатира степенот на „согорување“: многу низок, низок, умерен и висок степен. Клучни зборови: синдром на „согорување, наставници, стрес

    Хуманизација на личноста на ученикот преку поезијата на Ацо Шопов

    Get PDF
    Роден спроти западното крило на Исарот, во Горно Маало, во мала куќа на „Солунска“ бр. 10, Александар (Ацо) Ѓорѓи Зафиров – Шопов, ќе го минува своето детство, од раѓање, па сè до излегување во партизани во 1943 год. Од првото интегрално поетско пројавување – „Песни“ (1944), преку „Пруга на младоста“ (1947 заедно со С. Јаневски), со наши раце напишани стиховите за маката и радоста кои се слејуваат со тишината и порачуваат дека ветрот носи убаво време излегуваат вонредните книги „Небиднина“, „Гледач во пепелта“ и „Песна на црната жена“, па сè до последниот поетски тестамент „Дрво на ридот“ (1980), Шопов создава неверојатни хуманистички пораки, а мисијата на неговата литература е човекољубието. Преку метафората Ацо ја открива човековата душа и праќа порака како да бидеме подобри, да бидеме чисти, да напредуваме. Дланките јагленосани укажуваат на рацете работни и чисти и за тоа дека мора да се работи за да се опстане. Читајќи ја поезијата на Шопов, преку неговиот трифазен поетски опус, неминовно е да ја согледаме неговата хуманистичка страна, која ја пренесуваме и на учениците преку обработка на дел од неговата поезија. Преку мал дел од неговата поезија, учениците ја пронаоѓаат светлината во мракот бидејќи таа секогаш успева да ја потисне темнината и на тој начин да се хуманизира нивната личност, да знаат дека доброто го победува злото

    The Culture Globalization

    Get PDF
    Abstract: As an aspect of globalization, migration involves the movement of people from one nation or location to another. These types of movements are for several reasons, but culture becomes one critical aspect to consider. This is because different countries have different beliefs, norm systems, ways of working, food and religious systems. When these people come together, the natives are likely to learn more about the immigrant culture and vice versa. Therefore, this paper tries to consider the pros and cons that come with cultural globalization, basing the arguments on the migration aspect. It should be emphasized here that the globalization of forced migration, which has recently been particularly characteristic of the countries of Eastern and South-Eastern Europe towards the European Union, carries with it a risk for the countries of the European Union, but also a huge potential of intellect, culture and education. That type of mainly young intellectuals not only raise the economy in those countries but also modernize the multiculturalism and tradition that they bring with them. modern migrants a large percentage of the forced migration of several million people from Ukraine, then from the countries of the Western Balkans and of course from Africa. North Macedonia is not excluded from this trend, which as a multinational and multicultural community annually produces about 12,000 migrants, mainly in the countries of the European Union and a small part in the USA. Our research was conducted through the UNESCO office in the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the Statistics Office.Fluctuation on a daily and annual basis was the focus of our research, as was the affiliation of the fluctuating body. A methodological approach allowed a comparison with multiculturalism and globalization at the European and world levels. Keywords: culture, migration, sustainable, east European country, multinational

    The condition of gifted students in primary education

    Get PDF
    Giftedness is a concept that often provokes discussions and a concept that cannot be easily and simply defined. There is still no concrete definition that will describe giftedness in its entirety. Gifted students and their teaching have always been interesting for analysis by those involved in education. However, one of the basic problems in the teaching process in our schools is the still present traditional method of learning and teaching, which does not allow a different approach to the differences that are visible among students despite the commitments that are written on paper. The Parliamentary Assembly of the Council of Europe has adopted Decree 1248 of 1994, which reaffirms education as a basic human right, and believes that education should, to the greatest extent, suit each individual. The educational system must be organized in such a way as to provide adequate education for a larger number of children, but there will always be children with special programs. One group of such children are exceptional children. According to this Decree, no country can allow itself to waste the gifted and talented, and not to identify intellectual and other potential in time because this would mean the loss of its own human resources. The education and upbringing of gifted students become a problem within the framework of mass education and globalization. Gifted students have special abilities in certain areas, but most of the time are not engaged in the right way. In addition to this, excessive teaching content, and overloading of students within subjects leads to fatigue, self-doubt and loss of motivation. In this paper, we want to analyze the existing legal procedures and opportunities for working with such students, and the possibility of their identification and evaluation. That is, let’s see the condition of such students as well as their treatment in schools and the opportunities offered by the educational process in the Republic of North Macedonia and see if there is or is not a sufficiently operationalized system of measures, activities, procedures that are aimed at the gifted and talented students. Keywords: gifted students, primary education, conditio

    Утврдување на ставовите на учениците од предметна настава (7 – 9 одделение) во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип во однос на инклузијата на учениците со посебни образовни потреби

    Get PDF
    Инклузивното образование е процес со кој се зголемува учеството на сите ученици во училиштата, вклучувајќи ги и оние со посебни образовни потреби. Станува збор за промена и прилагодување на воспитно – образовниот процес, политиката и практичната работа во училиштата. Инклузивното образование е процес кој треба да ги земе во предвид различните индивидуални потреби за развој на учениците, а при тоа треба да даде еднакви можности за остварување на основните човекови права за развој и квалитетно образование. Поради ова во РСМ во 2020 година е донесена Концепција за инклузивно образование со која се предлагаат мерки и стратегии со кои треба да се отстранат бариерите што го попречуваат спроведувањето на инклузивното образование и неговата одржливост. Со овој труд сакавме да ги утврдиме ставовите и мислењата на учениците во однос на инклузијата на ученици со посебни образовни потреби. Пред да ги анкетираме учениците нашето училиште беше вклученио ( и сеуште е) во проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ кој го реализара Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ со поддршка од Детската Фондација Песталоци. Досега беа реализирани повеќе активности: Обуки за наставниците за користење на асистивна технологија и методи и техники за адаптирање на содржините за учениците со посебни образовни потреби; Обуки за наставниците и родителите за интеркултурно учење и детски права; Обезбедување на асистивна технологија/уреди и софтвери за училиштето; Реализрање на активности од првата фаза од Фандрејзинг активност – и обезбедување спонзорства за набавка на таблети за учениците со посебни образовни потреби и од ранливите категории; Реализација на активности во рамки на втората фаза од Фандрејзинг активноста, чија цел е обебзбедување на спонзорстав за изградба на пристапна рампа до училиштето за ученците со телесно/физичко нарушување. Од спроведеното истражување може да се заклучи дека нашите ученици имаат позитивни ставови во однос на инклузијата на учениците со посебни образовни потреби, во однос на прифаќањето на различностите, во однос на реализирањето на заеднички воннаставни активности со своите соученици со посебни образовни потреби. Резултатите од истражувањето ни помогнаа да ја идентификуваме потребата кај учениците од поголема едукација во однос на тоа што значи поимот инклузивно образование и деца со посебни образовни потреби

    Влијанието на онлајн наставата врз средниот успех на одделението во основното училиште

    Get PDF
    Образованието од далечина не е новина. Настанува уште од времето на дописните училишта, кои се базираат на материјали и книги кои се праќале преку пошта , а денес се спроведува по пат на современа технологија (праќање електронска пошта, доставување на ЦД – а , онлајн комуникација итн.). Ова значи дека, образованието, односно учењето од далечина, постои повеќе од 100 години, но со појавата на Интернетот добива нова димензија, па поради ова многумина го сметаа, од тогаш, како феномен. Учење на далечина, исто така, наречено образование од далечина, е - учење и учење преку Интернет, е форма на образование во која главните елементи вклучуваат физичко одвојување на наставниците и учениците за време на наставата и употреба на разни технологии за олеснување на комуникацијата ученик - наставник и ученик - ученик. Ковид-19 донесе нова реалност на светско ниво. Во обидот да се справат со т.н. „невидлив непријател“, пристапот на државите е различен, но во наглиот, општ удар врз економијата, образованието е еден од најпогодените сектори. За да го спречат ширењето на пандемијата, повеќето влади низ целиот свет привремено ги затворија образовните институции на сите нивоа. Преминот од кабинетска настава во електронска настава не е воопшто едноставен зафат, поради тоа што освен соодветна техничка инфраструктура и одредено ниво на познавање дигитални вештини, спроведувањето на процесот на учење бара и огромна поддршка од семејството. Ваквата ситуација создаде исклучителен стрес не само за наставниците, кои се втурнати во нова неочекувана задача, туку и за учениците бидејќи мораа да ги заменат дневните училишни активности и начинот на дружење со наставни задачи добиени по електронски пат. Законите во Република Северна Македонија, кои го разработуваат образованието, не предвидува настава на далечина, односно не ја препознава како валиден модел на учење. Пандемијата со Ковид-19 денесе нова реалност, па оваа правна празнина се адресираше со уредби со законска сила што во време на вонредна состојба ги донесе Владата на Република Северна Македонија. Покрај промената во начинот на одржување на наставата, адаптирањето на наставните содржини, воспитно – образовните активности, неминовно се наложи и адаптирање на оценувањето на учениците. Тоа адаптирање и пронаоѓање на соодветен начин за проверување на стекнатите знаења на учениците влијае врз успехот на ученикот – поединец и секако врз успехот на одделението како целина. Оценувањето, на учениците наставниците го организираат сумативно, онлајн, преку оценување на домашните задачи и преку зададени наставни проекти. Наставниците спроведуваат и електронски тестови, а ја ценат и активноста на учениците, и го земаат во предвид и минатиот труд

    Колку програмата за образование за животни и активностите на часот на одделенската заедница придонесуваат за хуманизација на личноста на ученикот

    Get PDF
    Воспитувањето ги оспособува луѓето за живот, им дава знаења, формира навики и умеења, развива способности, ги изградува човечките својства, го социјализира човекот, го хуманизира, вредносно го збогатува и му помага во осмислување на животот. Воспитувањето во духот на хуманизмот подразбира љубов, грижа и нега за човекот, свест за обврските, должностите и задачите кон него, пријателство, солидарност, како и борба за неговите права и еднаквости. За хуманизмот пишува уште Цицерон подразбирајќи „ највисок културно – етички развој“ на човекот. Хуманизмот е темел на моралот, а за идеал го има човекот и човечкото. Од хуманизмот произлегуваат сите останати морални начела.Хуманистичкото воспитание има за цел да го поттикне процесот на самоактуелизација на поединецот, развој на чувствата за сопствена вредност и позитивна слика за себе, поттикнување на развојот на автентичност и оригиналност, а со тоа и создавање на сопствен состав на вредности. Хуманистичкото воспитание има за цел и усвојување на одреден состав на општествени вредности со кои се овозможува на поединецот да ги оствари своите настојувања за сопствена актуализација. Хуманистичкото воспитание подразбира: воспитание за позитивна слика за себе, воспитание за хуман однос меѓу жени и мажи, воспитание за човекови права. Според начелата на основното образование во Република Северна Македонија, основното образование се развива врз основа на: најдобар интерес и целосен развој на ученикот; еднаквост, достапност, пристапност и инклузивност; унапредување на сличностите и прифаќање на различностите, интеркултурност, мултикултурализам, интеркултурализам и мултикултурност итн. Концепцијата за основно образование (март 2021) година се потпира на инклузивноста, родовата сензитивност/рамноправност и интеркултурноста како клучни принципи и е директно поврзана со Националните стандарди за основно образование што ги даваат насоките кон кои треба да се стреми целокупната организација и реализација на воспитно-образовниот процес во основните училишта. Наша цел во овој труд е да видиме колку, преку програмата и програмските содржини во прирачникот „Образование за животни вештини“ и преку фокусираното набљудување на часот на одделенската заедница, наставниците имаат можност и перспектива да делуваат врз хуманизацијата на учениците. Истражувањето е направено во поголем обем, опфатени се повеќе училишта од градски и рурални средини. Меѓутоа, овде ќе истакнеме еден мал дел од ова истражување

    Јазичните предзнаења на учениците – првачиња како основа за совладување на наставната програма во прво одделение

    Get PDF
    Од воведувањето на деветгодишното образование во 2007 година, па до денес, се прават обиди да се следат современите трендови во образованието, како и да се подигне квалитетот на наставата и учењето. Изготвени се наставни програми насочени кон целите, спроведени се обуки на наставниот кадар и имплементирани се голем број проекти за унапредување на квалитетот на наставата и учењето од страна на институциите на системот, меѓународни и домашни организации. Изготвена е Стратегија за образование за 2018 – 2025 која ги поставува клучните активности кои треба да се преземат во следните години за да се подобрат наставата и учењето. Приоритетите вклучуваат настава која е насочена кон ученикот, мерење на напредокот во учењето во однос на резултатите (наместо акцентот да е само на стекнување знаење) и воведување на национално оценување. Концепцијата за основно образование, изготвена во март 2021 година, претставува основа за обезбедување квалитетно основно образование, кое очекува училиштето да ги оспособи децата да одговорат на барањата на животот во сегашноста и иднината, односно, да ги научи учениците да учат во натамошното образование и во животот воопшто. Со концепцијата се обезбедува суштинскиот предуслов за постигнување на оваа цел – наставата да се ориентира кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување. Со Националните стандарди за основното образование се определени компетенциите кои треба да ги стекнат учениците на крајот на основното образование. Националните стандарди се вградени во наставниот план, преку застапеноста на наставните предмети и воннаставните активности, и во наставните програми, преку преточување на компетенциите во очекувани резултати од учењето и, следствено на нив, во стандардите за оценување. Наставните програми се развиваат врз основа на Националните стандарди базирани на компетенции. Наставната програма по македонски јазик за прво одделение ги нуди следниве теми/подрачја: 1.Слушање и зборување; 2.Почетно читање и пишување; 3.Литература, изразување и творење и 4.Медиумска писменост и медиумска култура. Ние во овој труд, ќе се задржеме на предзнаењата на учениците, мерени во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип и ПОУ Три Чешми, кои во учебната 2021/22 година ќе бидат во прво одделение и да дадеме наше видување во остварувањето на очекуваните резултатаи од истат

    Language as a Barrier For Achieving Intercultural Communication Between Teachers and Students in Primary School

    Get PDF
    Schools have been facing difficult and significant challenges and tasks that will enable them to be open to accepting students from different cultural identities for a long period of time. Schools are working on their development and promotion, changing their mission and vision in order to be a place where they will gain knowledge about the values of different cultures. The most important thing for a school to achieve this is the possession of intercultural competencies (teachers) and the skill to communicate between all stakeholders in the educational process in schools: student - teacher - parent - the local environment. Intercultural competence is actually the establishment of interaction and communication with members of other cultures, the adaptation of verbal and non-verbal communication styles while accepting, equally, different communication styles, adoption of intercultural attitudes, knowledge, and skills, for better understanding and respect, the adoption of effective behavior towards other cultures determined through the prism of intercultural sensitivity. However, in achieving intercultural competencies and intercultural communication, teachers face barriers that slow down, complicate, and sometimes hinder mutual understanding. One of those barriers are misunderstandings due to not knowing the other language. Linguistic diversity in multiethnic schools, whether monolingual, bilingual, etc., is a barrier to intercultural communication. The problem of not speaking the language of learning/instruction by Roma students is a big barrier in achieving intercultural communication at schools between the teacher and the student and among the students themselves. Hence, the questions are posed: How can we understand each other if we do not share the same cultural experience;how can successful communication be fulfilled in order to achieve respectful atmosphere and not only diversity tolerance; how should we behave in order to be culturally diverse and achieve the mutual global aims at the same time? The first step towards intercultural communication should be the eagerness and readiness to meet "the others: learning some phrases in their language. The best example for breaking the stereotypes, prejudice, and fairness that are present among some teachers would be if the teachers say "good day" in their mother tongue language in the classroom. Bilingualism and multilingualism should be accepted by the teachers as a challenge whereas they should adopt basic knowledge of the language of their students in order to establish a better relationship and motivate the students and their parents as well. But how ready are our teachers for this move despite the fact that they encounter this kind of problem in their daily wor
    corecore