5 research outputs found

    Употребата на концептуалната метафора како промотор на вести во насловите на македонските и американските весници

    No full text
    Фигуративниот јазик е сè позастапен во весниците и јазикот на новинарите. Најавите на вести на насловните страни, насловите на статиите во весниците и магазините се преполни со метафорични изрази кои им го привлекуваат вниманието на  слушателите и читателите и ги тераат да читаат меѓу редови за да ја разберат информацијата која треба да се пренесе. Во овој труд се обработува концептуалната метафора, нејзината употреба во насловите на македонските и англиските весници за промовирање на вести, со што ќе се нагласи дека играта со зборовите преку која се создаваат метафори го збогатуваат јазикот и изразувањето на новинарите во весниците на двете култури. Концептуална метафора уште се нарекува и „метафора од аспект на когнитивната лингвистика“(Lakoff & Johnson, 1980). Според оваа идеја метафората не се разгледува само од аспект на класичната теорија според која метафората е творба на јазична употреба, туку и од аспект на современата теорија според која метафората се поврзува со значењето и разбирањето на концептите т.е. со помош на истата концептите се објаснуваат и стануваат разбирливи за зборувачите на еден јазик. Клучни зборови: концептуална метафора, метафората во насловите на весниците, промотор на вести, македонски весници, американски весници, употреба, значење

    Observation assessment in clinical dental subjects

    Get PDF
    Introduction: Dental students’ performance is assessed on the basis of general and global assessment scales and according to their interaction with colleagues and dental patients, most often in clinical settings. This form of assessment requires a clear set of per¬formance indicators or rubrics that are judged to be important relative to the competency or competencies being evaluated. Students are rated on each indica¬tor. Aim: The aim was to make an effective form of assessment for evaluating students on their competencies related to critical thinking, communication and interpersonal skills as well as professionalism, although the method is not confined to these competencies only. Data collection and methodology: 32 students of Dental medicine from the eight semester in the academic 2013/2014 year participated in this study. The students were evaluated by a questionnaire with regard to three clinical subjects (Oral surgery 1, Clinical endodontics 1 and Orthodontics 2). They were asked to answer five questions as presented in Table 1. Students were assessed on a scale ranging from 1 to 5, with 1 indicating that the competency of interest has not been successfully achieved and 5 indicating that most or all aspects of the competency have been achieved successfully. Conclusion: 1. This assessment form is ideal for evaluating specific areas of performance, and it represents a method for evaluating competencies related to the clinically relevant competencies. As with global ratings, however, it is susceptible to subjectivity on the part of evaluators. 2. The difference between global rating and structured observations lies in the situation to which the student is exposed. With structured observation, the student is exposed to a situation that is designed to elicit specific knowledge or behavior. It is used extensively for assessing psychomotor skills and performance of clinical procedures

    Пpoeктот „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“ и негово претставување

    Get PDF
    Апстракт: Приложениов труд има за цел да го претстави проектот под наслов „Улогата на експлецитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик“, кој беше пријавен на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, преку Фондот за научно-истражувачка работа на именуваниот Универзитет. Во наставата по странски јазици одамна како главна цел се наведува оспособувањето на изучувачите успешно да комуницираат на јазикот што го изучуваат. Следбениците на комуникативниот метод нагласуваат дека не е доволно познавање на вокабуларот и граматичките структури на јазикот што се изучува (Ј2). Тие треба да се оспособат да прават правилен избор на јазичните средства во зависност од соговорникот и односот што го имаат со него. Имајќи ја предвид ваквата цел на наставата по странски јазици, прагматиката би требало да зазема важно место во неа. За жал, таа и понатаму останува на маргините на наставата по странски јазици. Во учебниците е застапена само толку колку што е неопходно да не се обвинат авторите дека не го следат модерниот приод кон јазикот и дека и понатаму цврсто се држат за традиционалниот начин на учење на јазикот во којшто граматиката е на прво место, учењето на вокабуларот на второ, и по малку од останатите области, вклучувајќи ја и прагматиката. Клучни зборови: прагматика, комуникација, странски јазик, дискурс, индиректно изразување, говорни чинови, учтивос

    Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка компетенција при учењето англиски и германски јазик

    Get PDF
    Предмет на истражување на овој проект е стекнувањето прагматичка компетенција при изучувањето странски јазици (англиски и германски). Во наставата по странски јазици одамна како главна цел се наведува оспособувањето на изучувачите успешно да комуницираат на јазикот што го изучуваат. Следбениците на комуникативниот метод нагласуваат дека не е доволно познавање на вокабуларот и граматичките структури на јазикот што се изучува (Ј2). Тие треба да се оспособат да прават правилен избор на јазичните средства во зависност од соговорникот и односот што го имаат со него. Имајќи ја предвид ваквата цел на наставата по странски јазици, прагматиката би требало да зазема важно место во неа. За жал, таа и понатаму останува на маргините на наставата по странски јазици. Во учебниците е застапена само толку колку што е неопходно да не се обвинат авторите дека не го следат модерниот приод кон јазикот и дека и понатаму цврсто се држат за традиционалниот начин на учење на јазикот во којшто граматиката е на прво место, учењето на вокабуларот на второ, и по малку од останатите области, вклучувајќи ја и прагматиката

    П P O E K T O T „УЛОГАТА НА ЕКСПЛИЦИТНИТЕ ИНСТРУКЦИИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАГМАТИЧКА КОМПЕТЕНЦИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК“ И НЕГОВО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

    No full text
    Приложениов труд има за цел да го претстави проектот поднаслов „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичкакомпетенција при учењето англиски и германски јазик“, кој беше пријавен наУниверзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, преку Фондот за научноистражувачкаработа на именуваниот Универзитет. Во наставата по странски јазици одамнакако главна цел се наведува оспособувањето на изучувачите успешно дакомуницираат на јазикот што го изучуваат. Следбениците на комуникативниотметод нагласуваат дека не е доволно познавање на вокабуларот и граматичкитеструктури на јазикот што се изучува (Ј2). Тие треба да се оспособат да праватправилен избор на јазичните средства во зависност од соговорникот и односотшто го имаат со него. Имајќи ја предвид ваквата цел на наставата по странскијазици, прагматиката би требало да зазема важно место во неа. За жал, таа ипонатаму останува на маргините на наставата по странски јазици. Во учебницитее застапена само толку колку што е неопходно да не се обвинат авторите декане го следат модерниот приод кон јазикот и дека и понатаму цврсто се држат затрадиционалниот начин на учење на јазикот во којшто граматиката е на првоместо, учењето на вокабуларот на второ, и по малку од останатите области,вклучувајќи ја и прагматиката
    corecore