4 research outputs found

    Колку програмата за образование за животни и активностите на часот на одделенската заедница придонесуваат за хуманизација на личноста на ученикот

    Get PDF
    Воспитувањето ги оспособува луѓето за живот, им дава знаења, формира навики и умеења, развива способности, ги изградува човечките својства, го социјализира човекот, го хуманизира, вредносно го збогатува и му помага во осмислување на животот. Воспитувањето во духот на хуманизмот подразбира љубов, грижа и нега за човекот, свест за обврските, должностите и задачите кон него, пријателство, солидарност, како и борба за неговите права и еднаквости. За хуманизмот пишува уште Цицерон подразбирајќи „ највисок културно – етички развој“ на човекот. Хуманизмот е темел на моралот, а за идеал го има човекот и човечкото. Од хуманизмот произлегуваат сите останати морални начела.Хуманистичкото воспитание има за цел да го поттикне процесот на самоактуелизација на поединецот, развој на чувствата за сопствена вредност и позитивна слика за себе, поттикнување на развојот на автентичност и оригиналност, а со тоа и создавање на сопствен состав на вредности. Хуманистичкото воспитание има за цел и усвојување на одреден состав на општествени вредности со кои се овозможува на поединецот да ги оствари своите настојувања за сопствена актуализација. Хуманистичкото воспитание подразбира: воспитание за позитивна слика за себе, воспитание за хуман однос меѓу жени и мажи, воспитание за човекови права. Според начелата на основното образование во Република Северна Македонија, основното образование се развива врз основа на: најдобар интерес и целосен развој на ученикот; еднаквост, достапност, пристапност и инклузивност; унапредување на сличностите и прифаќање на различностите, интеркултурност, мултикултурализам, интеркултурализам и мултикултурност итн. Концепцијата за основно образование (март 2021) година се потпира на инклузивноста, родовата сензитивност/рамноправност и интеркултурноста како клучни принципи и е директно поврзана со Националните стандарди за основно образование што ги даваат насоките кон кои треба да се стреми целокупната организација и реализација на воспитно-образовниот процес во основните училишта. Наша цел во овој труд е да видиме колку, преку програмата и програмските содржини во прирачникот „Образование за животни вештини“ и преку фокусираното набљудување на часот на одделенската заедница, наставниците имаат можност и перспектива да делуваат врз хуманизацијата на учениците. Истражувањето е направено во поголем обем, опфатени се повеќе училишта од градски и рурални средини. Меѓутоа, овде ќе истакнеме еден мал дел од ова истражување

    Geomagnetic research of the archaeological site Isar Marvinci, Republic of North Macedonia

    Get PDF
    In this paper the results of the geophysical investigation on the archeological site Isar-Marvinci are presented. The results show low changes in the magnetic field and the local gradient, as it is an archeological site where there are no buildings and structures built of baked bricks that cause larger magnetic changes in the magnetic field over 100 [nT] or more [nT]. Small anomalies of the magnetic gradient probably indicate graves that have been confirmed by illegal diggers, whose presence can be seen on the ground

    Основно образование на возрасни – КПД - Штип и ООУ „Гоце Делчев“ – Штип една успешна приказна

    Get PDF
    Во изминатите неколку децении, системите за образование и обука на возрасни во Европа се ставени под силен притисок за модернизација. Образованието на возрасни е важна компонента во составот на целоживотно учење. Уште од далечната 1949 година па наваму, на меѓународните конференции на УНЕСКО се зборува за образованието на возрасните. Во РФепублика Северна Македонија во Септември 2015 година, беше донесена Концепција за основно образование за возрасни, со цел да се подобри квалитетот и ефективноста на основното образование за возрасни кои не го завршиле. Стратегијата за образование на возрасни на Република Македонија 2019-2023 година, е изработена во рамките на IPA проектот, компонента IV „ Enhancing Lifelong Learning trough modernizing Vocational education and training and Adu1t education Systems" (Project Reference Number : Europe A1D/135834/1Н/SER/МК. Стратегијата за образованието на Република Македонија за 2019-2023 година претставува основа за активностите на институциите во Република Северна Македонија во полето на образованиетоза возрасните во периодот до 2023 година. Таа тргнува од постојните состојби во образовниот систем и има за цел кон тоа постепено да ги подобри истите, во согласност со утврдените приоритети. Во периодот од 2019 до 2023 година, сите чинители во образованието и обуката на возрасни треба да ги фокусираат своите напори на реализација на следните цели: 1. Зголемување на привлечноста на учеството во образованието на возрасни 2. Воспоставување систем за осигурување квалитет во рамките на образованието на возрасни 3. Развој на систем за валидација на претходно учење 4. Подобрување на организацијата, управувањето и финансирањето на образованието на возрасни 5. Воспоставување систем за јавно образование на возрасни 6. Јакнење на истражувањето и развојните проекти во областа на образованието на возрасните 7. Професионализација на кадарот во областа на образованието на возрасните 8.Следење (мониторирање) и евалуација на образованието на возрасните Имајќи ја во предвид целокупната ангажираност во овој сегмент, МОН и УНДП во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, го реализираа проектот Основно образование за затвореници во Казнено попрваен дом (КПД) – Штип, како дел од проектот на УНДП – креирање можности за работа на сите (Образование за возрасни), согласно законските прописи и Програмата за развоја на Обединетите нации. Во Ноември 2020 година, тим од 8 наставници и 1 психолог од ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, извршија увид на лицата осуденици во КПД – Штип, при што Секторот за ресоцијализација при КПД формираше групи од осудени лица, кои беа тестирани со тестови од сите наставни предмети (кои моментално се изучуваат во редовното деветгодишно основно образование). Формираните групи започнаа со работа во Декември 2020 година со вкупно 45 осудени лица. Основното образование го изведуваа 6 наставници од одделенска настава и 2 наставници од предметна настава (англиски јазик и историја)

    GEOMAGNETIC RESEARCH OF THE ARCHAEOLOGICAL SITE ISAR MARVINCI, REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA

    No full text
    In this paper are presented  the results of geophysical investigation un archeological site Isar-Marvinci. The results show low changes in the magnetic field and the local gradient, as it is an archeological site where there are no buildings and structures built of baked bricks that cause larger magnetic changes in the magnetic field over 100 [nT] or more [nT]. Small anomalies of the magnetic gradient probably indicate graves that have been confirmed by illegal diggers, whose presence can be seen on the ground
    corecore