2 research outputs found

    Јазичните предзнаења на учениците – првачиња како основа за совладување на наставната програма во прво одделение

    Get PDF
    Од воведувањето на деветгодишното образование во 2007 година, па до денес, се прават обиди да се следат современите трендови во образованието, како и да се подигне квалитетот на наставата и учењето. Изготвени се наставни програми насочени кон целите, спроведени се обуки на наставниот кадар и имплементирани се голем број проекти за унапредување на квалитетот на наставата и учењето од страна на институциите на системот, меѓународни и домашни организации. Изготвена е Стратегија за образование за 2018 – 2025 која ги поставува клучните активности кои треба да се преземат во следните години за да се подобрат наставата и учењето. Приоритетите вклучуваат настава која е насочена кон ученикот, мерење на напредокот во учењето во однос на резултатите (наместо акцентот да е само на стекнување знаење) и воведување на национално оценување. Концепцијата за основно образование, изготвена во март 2021 година, претставува основа за обезбедување квалитетно основно образование, кое очекува училиштето да ги оспособи децата да одговорат на барањата на животот во сегашноста и иднината, односно, да ги научи учениците да учат во натамошното образование и во животот воопшто. Со концепцијата се обезбедува суштинскиот предуслов за постигнување на оваа цел – наставата да се ориентира кон продлабочено и смислено учење базирано на критичко мислење и логичко заклучување. Со Националните стандарди за основното образование се определени компетенциите кои треба да ги стекнат учениците на крајот на основното образование. Националните стандарди се вградени во наставниот план, преку застапеноста на наставните предмети и воннаставните активности, и во наставните програми, преку преточување на компетенциите во очекувани резултати од учењето и, следствено на нив, во стандардите за оценување. Наставните програми се развиваат врз основа на Националните стандарди базирани на компетенции. Наставната програма по македонски јазик за прво одделение ги нуди следниве теми/подрачја: 1.Слушање и зборување; 2.Почетно читање и пишување; 3.Литература, изразување и творење и 4.Медиумска писменост и медиумска култура. Ние во овој труд, ќе се задржеме на предзнаењата на учениците, мерени во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип и ПОУ Три Чешми, кои во учебната 2021/22 година ќе бидат во прво одделение и да дадеме наше видување во остварувањето на очекуваните резултатаи од истат

    Основно образование на возрасни – КПД - Штип и ООУ „Гоце Делчев“ – Штип една успешна приказна

    Get PDF
    Во изминатите неколку децении, системите за образование и обука на возрасни во Европа се ставени под силен притисок за модернизација. Образованието на возрасни е важна компонента во составот на целоживотно учење. Уште од далечната 1949 година па наваму, на меѓународните конференции на УНЕСКО се зборува за образованието на возрасните. Во РФепублика Северна Македонија во Септември 2015 година, беше донесена Концепција за основно образование за возрасни, со цел да се подобри квалитетот и ефективноста на основното образование за возрасни кои не го завршиле. Стратегијата за образование на возрасни на Република Македонија 2019-2023 година, е изработена во рамките на IPA проектот, компонента IV „ Enhancing Lifelong Learning trough modernizing Vocational education and training and Adu1t education Systems" (Project Reference Number : Europe A1D/135834/1Н/SER/МК. Стратегијата за образованието на Република Македонија за 2019-2023 година претставува основа за активностите на институциите во Република Северна Македонија во полето на образованиетоза возрасните во периодот до 2023 година. Таа тргнува од постојните состојби во образовниот систем и има за цел кон тоа постепено да ги подобри истите, во согласност со утврдените приоритети. Во периодот од 2019 до 2023 година, сите чинители во образованието и обуката на возрасни треба да ги фокусираат своите напори на реализација на следните цели: 1. Зголемување на привлечноста на учеството во образованието на возрасни 2. Воспоставување систем за осигурување квалитет во рамките на образованието на возрасни 3. Развој на систем за валидација на претходно учење 4. Подобрување на организацијата, управувањето и финансирањето на образованието на возрасни 5. Воспоставување систем за јавно образование на возрасни 6. Јакнење на истражувањето и развојните проекти во областа на образованието на возрасните 7. Професионализација на кадарот во областа на образованието на возрасните 8.Следење (мониторирање) и евалуација на образованието на возрасните Имајќи ја во предвид целокупната ангажираност во овој сегмент, МОН и УНДП во соработка со ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, го реализираа проектот Основно образование за затвореници во Казнено попрваен дом (КПД) – Штип, како дел од проектот на УНДП – креирање можности за работа на сите (Образование за возрасни), согласно законските прописи и Програмата за развоја на Обединетите нации. Во Ноември 2020 година, тим од 8 наставници и 1 психолог од ООУ „Гоце Делчев“ – Штип, извршија увид на лицата осуденици во КПД – Штип, при што Секторот за ресоцијализација при КПД формираше групи од осудени лица, кои беа тестирани со тестови од сите наставни предмети (кои моментално се изучуваат во редовното деветгодишно основно образование). Формираните групи започнаа со работа во Декември 2020 година со вкупно 45 осудени лица. Основното образование го изведуваа 6 наставници од одделенска настава и 2 наставници од предметна настава (англиски јазик и историја)
    corecore