1 research outputs found

    Добивање на хаплоиди во култура на антери од пиперка Capicum annum L. и нивно вклучување во процесот на селекција

    Get PDF
    Зачестеното добивање на андрогенетски растенија е многу зависно од генотипот, па малата вредност на хаплоидното обновување го ограничува користењето на културата на антери во селекцијата на пиперка. Целта на ова истражување беше воспоставување на ефективна in vitro технологија за проучување на хаплоидни и дилоидни растителни регенеранти; индукција на ембриогенеза во култура на антери од пиперка; развој на ембриони во регенеранти, како и успешна адаптација и аклиматизација на регенерантите од стерилни во оранжерски услови. Колекционираниот семенски материјал дава одлична можност за понатамошни процеси на селекција, цитогенетски и други истражувања на молекуларно ниво. Резултатите презентирани во овој труд се произлезени од интернационалниот билатерален македонско-бугарски истражувачки проект за соработка „Добивање на хаплоиди во култура на антери од пиперка Capicum annum L. и нивно вклучување во процесот на селекција“ воден од првите двајца автори со учество на коавторите
    corecore