8 research outputs found
КУЛТУРНИ ДИМЕНЗИИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕЛОВНА СРЕДИНА
Културата може да се сфати како начин на живеење на луѓето икако тие се однесуваат едни со други и нивната околина. Културата имаматеријални и нематеријални манифестации. Материјалните и опипливиманифестации го добиваат својот израз преку функционални објекти,уметнички предмети, вештини, музика, литература. Нематеријалнитеаспекти на културата се манифестираат преку системот на вредности штолуѓето го користат во контакт со околината. Јазикот, националната илиетничката припадност и религијата се основните компоненти на културата.Токму, предмет на истражување во овој труд се културните димензиина меѓународната деловна средина. Резултатите од истражувањетоукажуваат на тоа дека дека наведените димензии и скали на вредности наодредени национални култури имаат директни импликации врз деловнотои организациското однесување
АНАЛИЗА НА ТРГОВСКИТЕ РЕЛАЦИИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА УНИЈА И КИНА
Во последната деценија, можеме да сведочиме за уникатно проширување и продлабочување на билатералните економски и до одреден степен неекономски односи меѓу ЕУ и Кина. Во трудот се анализира трговската размена меѓу ЕУ и Кина и наодите покажуваат дека блиската врска меѓу ЕУ и Кина е особено заснована на трговијата со стоки, особено на интра-индустриска трговија со индустриски производи, а трговскиот дефицит произлегува од трговијата со машини и транспортна опрема и различни готови производи. За ефикасно справување со трговскиот дефицит тие мора да ја подобрат структурата на трговијата со стоки, а во суштина, тоа бара намалување или елиминирање на трговските бариери помеѓу ЕУ и Кина, кои го попречуваат подобрувањето на трговската структура
Analysis of the trade relations between the countries being part of the open Balkan initiative
This paper's objective is to identify the sectors in which the Republic of North Macedonia has a comparative advantage regarding its export to other countries that are part of the Open Balkan initiative. The revealed comparative advantage of the Republic of North Macedonia in relation to the Republic of Serbia and the Republic of Albania was calculated for the time period of 2011-2020 by having used the Standard International Trade Classification, Revision 4 (SITC, Revision 4). The quantitative methods that were used during the research are the following: the Index of Trade Openness (ITO), the Trade Balance Index (TBI), and the export index of Revealed Comparative Advantage (Balassa’s RCA). The results of the research point to the fact that regarding the case of the Republic of North Macedonia, a high index of trade openness was registered in comparison to the other countries being part of the Open Balkan initiative. Furthermore, the Trade Balance Index shows that in the course of the analyzed period, the Republic of North Macedonia had been continuously present in the capacity of a net exporter of products of the category of tobacco and beverages, whereas the RCA index indicates positive values in the category of the food sector, beverages and tobacco, crude materials, except fuels as well as animal and vegetable oils, fats and waxes
ТРАНСНАЦИОНАЛНИТЕ КОМПАНИИ КАКО СУБЈЕКТИ НА МЕЃУНАРОДНАТА ТРГОВИЈА
Денес, транснационалните компании се доминантни носители на меѓународната трговија. Според податоците на УНКТАД,денес во светот постојат околку 77 000 матични претпријатија на транснационални компании со околу 770 000 филијали во странство. За ваквата значајна распространетост на транснационалните компании во светската економија, “заслужни” се тековите на странските директни инвестиции. Токму, предмет на анализа во овој труд се глобалните текови на странските директни инвестиции во временскиот период 2008-2021 година, чии носители се транснационалните компании. Резултатите од истражувањето укажуваат на изразени флуктуации во поглед на движењето на СДИ, при што глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19 предизвика драматичен пад на странските директниинвестиции во 2020 година од 40% во споредба со нивната вредност од 1 540 милијарди долари во 2019 година. Ова ги доведе странските директни инвестици под 1 000 милијарди долари, за прв пат после 2005 година. Имено, ненадејната и истовремена интеракција на шоковите на страната на понудата и побарувачката, во комбинација со политичките реакции на кризата ширум светот, предизвика серија ефекти врз странските директни инвестиции. Затворањето на работните места, производствените погони и градилиштата заради спречување на ширењето на вирусот предизвикаитни одложувања во реализацијата на инвестициските проекти. Во 2021 година, глобалните текови на странски директни инвестиции беа 1 580 милијарди долари, што е за 64% повеќе од нивото на СДИ во текот на првата година од пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19. Сепак,глобалната средина за меѓународен бизнис и прекугранични инвестициидраматично се промени во 2022 година, како резултат на војната во Украина, која што се случи додека светот сѐ уште се справуваше со влијанието на пандемијата
Analysis of the trade relations between the Republic of North Macedonia and Great Britain
This paper’s goal is to identify the sectors in which the Republic of North Macedonia has a comparative advantage in terms of its trade relations with Great Britain. Both Revealed Comparative Advantage and Revealed Symmetric Comparative Advantage methodologies had been used in the empirical analysis made during the time period of 2009-2019. The results of the analysis point to the fact that the Republic of North Macedonia had a continuous comparative advantage in the category of miscellaneous manufactured articles in the course of the analysed period, which was mainly resulting from the export of clothes and other linen things, and it was also present in the category of crude materials, except fuel owing to the export of metal ore including metal-containing residues. In 2010, it was evidenced a comparative advantage in the category of chemical products. According to Hinloopen and Marrewijk classifications, the calculated comparative advantage of the Macedonian export in the British market varies from weak to moderate whereas, in the course of two time periods (2010 and 2013), it was evidenced a strong comparative advantage in the category of crude materials, except fuel
АНАЛИЗА НА ТРГОВСКИТЕ РЕЛАЦИИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА УНИЈА И РУСИЈА
Сѐ до приклучувањето на Русија во Светската трговска органзација (СТО), кое се случи во 2012 година, политичките и економските односи на ЕУ со Русија се засновани на Договор за партнерство и соработка. Договорот има за цел да промовира трговија и инвестиции и да развие хармонични економски односи меѓу ЕУ и Русија. Од 2012 година, кога Русија се приклучи кон СТО, трговските односи меѓу ЕУ и Русија се регулираат со правилата на СТО. Надворешната трговска размена помеѓу овие две земји во анализираниот период бележи континуиран раст сѐ до 2008 година, додека во 2009 година е забележан пад на трговската размена поради настанатата економска криза која го зафати светот. Трговската размена бележи пад и во 2013 година, а тоа се должи на економската криза во Русија. Во 2014 година ЕУ воведе и прошири низа дипломатски и економски санкции против Руската Федерација во знак на протест поради вмешаноста на Русија во дестабилизирање на Украина и прекршување на територијалниот интегритет на Украина. Како резултат на воведените санкции, трговската размена меѓу ЕУ и Русија бележи пад.
 
АНАЛИЗА НА ГЛОБАЛНИТЕ ТРГОВСКИ ТЕКОВИ ЗА ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД 2008-2018 ГОДИНА
Предмет на анализа во овој труд е учеството на поважните групи на производи во структурата на глобалната трговија за временскиот период 2008-2018 година. Резултатите од анализата на глобално ниво укажуваат на намалување на вредноста на извозот на горива и производи од рударство за временскиот период 2008-2018 година, додека зголемување на вредноста на извозот на земјоделски производи и индустриски добра. Анализирано по групи на земји, како најзначаен извозник на поважните групи на производи се јавува Европската унија.
 
THE IMPACT OF COVID 19 ON TRADE WITH SERVICES
Services sectors have been heavily affected by the COVID-19 pandemic. Tourism, transport and distribution services, for example, have suffered as a result of mobility restrictions and social distancing measures imposed for public health reasons.Given the role of services in providing inputs for other economic activities, including connecting supply chains and facilitating trade in goods, disruptions in services supply are having a broad economic and trade impact. The crisis is leading to a greater focus on online supply in sectors such as retail, health, education, telecommunications and audiovisual services. Suppliers are accelerating efforts to expand their online operations and consumers are adopting new habits that may contribute to a long-term shift towards online services. The increased use of online services during the COVID-19 pandemic has accentuated technology and connectivity disparities, as online classes are not feasible for students without computers, and telework is not an option for employees without broadband.Overall, the crisis is further underscoring the importance of services that enable online supply, such as telecommunications and computer services, as well as the broader infrastructural role of financial, transport, distribution and logistics services in facilitating merchandise trade and economic growth. Services sectors, and the creation of conditions conducive to trade in services, will be key to the recovery from the economic slowdown