84 research outputs found
Економика на претпријатија
Учебникот “Економика на претпријатие” пред се е наменет за студентите на економските и други факултети при совладување на содржината за наставната дисциплина економика на претпријатија. Исто така учебникот е корисен и за научните работници за нивни продлабочени истражувања на одделни сегменти од економијата на претпријатието,за менаџерите и вработените во претпријатијата кои се непосредно и посредно работат во одреден стопански субјект, како и носителите на економската политика и драгоценa основа за оние кои што сакаат да ги откријат многубројните принципи на економијата и деловните функции во претпријатието.
Егзистирањето и функционирањето на претпријатието, имплементирани во сферата на принципите на работа и ефектите од профитот, денес се наметнува како фундирана основа на проширената репродукција и тековите во стопанството. Во таа насока, значењето на темите што се обработуваат во трудот е објективно и корисно.Тргнувајќи оттука во учебникот се истражувани и дава одговор следниве тематски подрачја:
• издвојување на економиката на претпријатие како посебно научна дисциплина;
• дефинирање на претпријатието и претпријатието како основен субјект во пазарното работење;
• видови на претпријатија;
• претпријатието и опкружувањето;
• претприемач и претприемништво;
• управување со средствата во претпријатието;
• трошоците во претпријатието;
• управување со квалитетот –економијата во претпријатието (продуктивност, економичност и рентабилност);
• ефикасност и ефективност;
• управување со резултатите од претпријатието;
• стратегија за раст и развој на претпријатието.
Всушност претпријатието како еден од субјектите на стопанскиот систем е предмет на интересирање и истражување на науката и современата практика. До таквиот интерес се доаѓа поради фактот што претпријатието има големо значење, како за човекот како индивидуа, така и за националната економија.Значењто на претпријатието за општествениот и стопанскиот живот произлегува од улогата што ја врши во облик на бруто домашниот производ.
Предмет на истражување на трудот е конкретната економска активност на претпријатијата, се со цел изнаоѓање на законитостите и принципите на нивно функционирање и развиток. Притоа основна задача е проучување и анализирање на односите помеѓу резултатите на репродукцијата и вложувањата на основните елементи во процесот на репродукција за остварување на тие резултати, со цел за минимално ангажирање и трошење на средствата и работната сила а да се остварат максимални резултати. Со оглед на тоа што вложувањата и резултатите претставуваат последица на дејството на различни фактори кои се од интерна и екстерна природа. Имајќи го тоа предвид, економиката настојува да открие зошто функционирањето на претпријатијата се одвива на одреден начин, кои се факторите што го одредуваат таквото функционирање и каков е интензитетот на нивното поединечно влијание. И на крај, сложената, динамична и променлива средина во која претпријатието функционира и ги остварува своите цели, ја наметнува потребата за решавање на проблемите и предизвиците не е доволна само една научна дисциплина туку нужно е вклучување и на други научни дисциплини.
Секако секој труд што претендира совесно и одговорно да ги остварува процесите и проблемите од работата на претпријатието преставува придонес за развојот на економската мисла
ЕКОНОМИЈА И БИЗНИС: ОДНОСИ, КОНФЛИКТИ И АКТИВНОСТИ
Бизнисот и економијата треба да имаат продуктивна улога во системот.на економски и социјални интереси. Доколку е тоа така, тогаш системот е тој што овозможува да се почитуваат правата од работните односи и интересите на спротиставени субјекти во општеството. Потребно е изградба и модификација на систем од законски норми и решенија кои ќе овозможат регулирање на овие односите, особено кога интересот и конфликтот се јавува во корелација меѓу околината и бизнис економијата

Arthur Laffer and theory of supply-side economy: a review
Supply- side economists are branch of economics that consider how to improve the productive capacity (aggregate supply) of the economy, unlike New Keynesians and Post-Keynesians, which are often concentrated on the side of aggregated demand. The purpose of this article is to analyze the teaching of the theory of economics of supply arising as a counterweight to Keynesians, on whose core is effective demand. The Economists on the supply advocate for an economy with huge tax cuts for individuals and corporations deregulation of business and a strong incentive for investment. Based on Say’s Law, and supported by classical and monetary economists, it is still opposed to Keynesian (the demand side) economy which theorized that aggregate demand is the primary driving force and strength of stabilization in an economy. Also subject to elaboration in this paper will be Laffer’s curve. Arthur Laffer. He has its own contribution to the extreme claim that the government can reduce tax rates without losing money. In fact, if anything, the government will probably get higher tax revenues after the reduction in tax rates. But this view was not supported by empirical evidence about the elasticity of tax at that time by some economists
Практикум Глобална економија
Практикумот “Глобална економија” пред се е наменет за студентите од насоката Меѓународна економија на економските факултети. Има за цел да помага на студентите при совладување на содржината за наставните дисциплини како:
Глобализација, Меѓународни финансии, Меѓународна трговија, Меѓународен монетарен и трговски систем, Меѓународна економија и други. Исто така, практикумот е корисен и за научните работници за нивни продлабочени истражувања на одделни сегменти од меѓународната економија. Егзистирањето и функционирањето на меѓународните економски односи на принципите на работа и ефектите од постојниот меѓународен монетарен и трговски систем фундирани на основа на проширената репродукција во светската економија. Во таа насока, значењето на темите што се обработуваат во трудот е објективно и корисно
Oтсуството на глобална валута придонесе за појава на кризата и го сопира процесот на глобализација
Процесот на глобализација кој се одвиваше мошне интензивно од 90-тите години на минатиот век доживеа забавување, па и застој, во периодот на глобалната криза и , особено, во напорите за одделните национални економии да ги надминат рецесивните и стагнантните текови. Наспроти слободното движење на стоките и услугите, на капиталот и на работната сила, форсирани и од меѓународните институции (ММФ, Светска банка и СТО), по избувнувањето на глобалната криза, дојде до појави на ограничувања на веќе либерализираната трговија меѓу одделни економии, до бегство на капитал од одделни економии во домицилните, до заострување на ограничувањата за движење на работната сила. Од повеќе страни се предупредува на опасноста од јакнее на протекционизмот во меѓународните економски односи, па дури и за можни валутни војни. Веќе неколку години повеќе се говори за опасности од „деглобализација” отколку за продолжување на процесот на глобализацијата. Опседнати со решавање на сопствените економски проблеми елитите во националните економии се плашат од засилувањето на појавите на деглобализација, но превидуваат дека продолжувањето на процесот на глобализацијата не е можно без темелно реформиање на глобалните институции и политики, пред се‘, без воспоставување на глобална валута, наспроти функционирањето на неколкуте национални во функција на светски пари
ARTHUR LAFFER AND THEORY OF SUPPLY-SIDE ECONOMY: A REVIEW
Supply- side economists are branch of economics that consider how to improve the productive capacity (aggregate supply) of the economy, unlike New Keynesians and Post-Keynesians, which are often concentrated on the side of aggregated demand. The purpose of this article is to analyze the teaching of the theory of economics of supply arising as a counterweight to Keynesians, on whose core is effective demand. The Economists on the supply advocate for an economy with huge tax cuts for individuals and corporations deregulation of business and a strong incentive for investment. Based on Say’s Law, and supported by classical and monetary economists, it is still opposed to Keynesian (the demand side) economy which theorized that aggregate demand is the primary driving force and strength of stabilization in an economy. Also subject to elaboration in this paper will be Laffer’s curve. Arthur Laffer. He has its own contribution to the extreme claim that the government can reduce tax rates without losing money. In fact, if anything, the government will probably get higher tax revenues after the reduction in tax rates. But this view was not supported by empirical evidence about the elasticity of tax at that time by some economists
СИНТЕЗА НА НОВАТА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ЕКОНОМИЈА: ПРЕГЛЕД НА НЕКОИ ВИДУВАЊА ОД ТВОРЕШТВОТО НА ДАГЛАС НОРТ
Неоинституционализмот и новата институционална економија (НИЕ) егзистирала како алтернатива на новата класична и новата кејнзијанска економија коишто ги прифаќале нивните тврдења и теории. Во пишувањето на овој труд се користени историски и теоретски методи. Во темата на истражувањата се вклучени институциите, организациите и институционалната структура, односно ќе стане збор за Теоријата на институционалните промени. Имено, целта на овој труд е да направи преглед на синтезата на новата институционална економија со акцент на клучните видувања на Даглас Норт
Глобална Економија
Скриптата “Глобална економија” пред се е наменета за студентите од насоката Меѓународна економија. Има за цел да помага на студентите при совладување на содржината за наставните дисциплини како: Глобална економија, Глобализација, Современи економски системи и глобализација. Исто така, трудот е корисен и за научните работници за нивни продлабочени истражувања на одделни сегменти од
меѓународната економија. Егзистирањето и функционирањето на меѓународните економски односи на принципите на работа и ефектите од постојниот меѓународен монетарен и трговски систем фундирани на основа на проширената репродукција во
светската економија. Во таа насока, значењето на темите што се обработуваат во трудот е објективно и корисно
АНАЛИЗА НА ТРГОВСКИТЕ РЕЛАЦИИ МЕЃУ ЕВРОПСКАТА УНИЈА И КИНА
Во последната деценија, можеме да сведочиме за уникатно проширување и продлабочување на билатералните економски и до одреден степен неекономски односи меѓу ЕУ и Кина. Во трудот се анализира трговската размена меѓу ЕУ и Кина и наодите покажуваат дека блиската врска меѓу ЕУ и Кина е особено заснована на трговијата со стоки, особено на интра-индустриска трговија со индустриски производи, а трговскиот дефицит произлегува од трговијата со машини и транспортна опрема и различни готови производи. За ефикасно справување со трговскиот дефицит тие мора да ја подобрат структурата на трговијата со стоки, а во суштина, тоа бара намалување или елиминирање на трговските бариери помеѓу ЕУ и Кина, кои го попречуваат подобрувањето на трговската структура
- …