1 research outputs found

    Технолошки пристап во производството на стандардизиран екстракт од канабис базиран на канабинол (CBN) за медицински цели

    Get PDF
    Канабинолот (CBN) се добива со деградација на тетрахидроканабинол (ТНС), кога производот од канабис е изложен на топлина или подлежи на стареење. CBN е благ психоактивен канабиноид кој делува како слаб парцијален агонист со афинитет кон CB1 рецепторите. Докажани се неговите седативни, антиинфламаторни и невропротективни својства. За да се произведе стандардизиран екстракт базиран на CBN, потребно е да се изврши присилна деградација или забрзано стареење на ТНС, со цел распаѓање до неговиот метаболит CBN. За таа цел беше применет процес на деградација на ТНС по забрзано стареење на етанолен екстракт со 32,8% (w/w) THC и 7,4% (w/w) CBN и последователно негова молекуларна дестилација, со цел концентрирање на CBN. Притоа, искористивме етанолен екстракт од Glueberry OG кој беше подлегнат на студија за забрзано стареење од една година. Опремата и методите опфаќаат процеси на деградација на висока температура и молекуларна дестилација. Примероците беа испитувани со помош на HPLC метод со UVдетектор. По студијата за забрзано стареење, екстрактот содржи 9,7% (w/w) ТНС и 36,2% (w/w) CBN. По деградација на екстрактот, не е детектиран ТНС, а CBN се зголемил до 43,1% (w/w). Финалниот производ по молекуларна дестилација содржи 55,8% (w/w) CBN. Резултатите укажуваат дека овој метод е погоден за добивање на екстракти со задоволителен принос на CBN. Примената на покачена температура врз екстрактот може лесно да го оксидира THC во CBN. Оваа технологија може да вклучи и употреба на гасови, кислород или азот, вклучувајќи опрема за барботирање со гасови
    corecore