49 research outputs found

    Криза на културата во Република Македонија?

    Get PDF
    Кризата во културата на крајот на XX и почетокот на XXI век, причини, последици, интегративни патишта за излез

    Нарине Абгарјан „Три јаболка паднаа од небото“ (превод од руски)

    Get PDF
    Превод од руски јазик на книгата „Три јаболка паднаа од небото“

    A Guide to the Famous Products, Places, Landmarks and Events in Macedonia (превод на англиски).

    Get PDF
    Превод на англиски јазик на туристичкиот водич на авторите Ташков Нако, Димитров Никола и Методијески Дејан

    Карактеристики на руската гастрономија

    Get PDF
    Гастрономијата претставува наука која е поврзана со различни аспекти на подготовката и консумирањето на храна, а на неа влијаат низа социјални, културни, општествени и економски фактори. Консумирањето на храна и пијалаци е составен дел од престојот на туристите и посетителите во дестинациите, а поради таа причина гастрономијата и туризмот се во директна и нераскинлива врска. Предмет на овој труд се карактеристиките на гастрономијата во Русија. Во трудот се дефинирани основните аспекти на гастрономијата. За потребите на трудот, употребена е методологија на истражување и секундарни извори на податоци преку консултирање на релевантна литература поврзана со руската гастрономија, како и интернет. Направена е анализа и преглед на историскиот развој на традиционалната руска кујна, а презентирани се и позначајните гастрономски производи и јадења во Русија

    Гастрономски речник

    Get PDF
    Во гастрономијата се користи стручна терминологија и зборови кои потекнуваат од различни говорни подрачја. Основната цел на овој речник е да обезбеди правилно толкување на зборовите, поимите и термините, кои се среќаваат и користат во угостителството. Областите кои се опфатени во речникот вклучуваат: опрема и инвентар за подготовка и послужување на храна и пијалаци, различни видови кујни, карактеристични јадења, намирници кои се користат во готварството и исхраната, познати личности поврзани со гастрономијата, техники на подготовка на јадења и останати аспекти на гастрономијата. Процесот на селекција на термините во речникот одразува за кого е тој наменет. Првенствено е наменет за сите кои работат во секторот угостителство и туризам, за готвачите и шефови на кујни, услужниот персонал, но исто така и за академската јавност, студентите, учениците, како и претставници на невладиниот сектор и државните институции. Во речникот се опфатени поими и термини кои се користат секојдневно од страна на сите вработени во угостителството и од страна на оние кои учествуваат во него како потрошувачи. Авторите на овој речник прават напор да обезбедат основно, точно и јасно објаснување на значењето на поважните термини поврзани со гастрономијата, со што ќе придонесат за зголемување на стручната литература од ова поле во нашата земја. Ова издание на речникот содржи над 500 поими и термини, подредени по азбучен ред на македонски јазик, во заграда е јазикот од кој потекнуваат термините и потоа следи објаснување на македонски јазик. Во изработката на речникот користена е соодветна стручна литература од областа на угостителството и гастрономијата, како речници, лексикони и енциклопедии. При комплетирањето на материјалот, голем дел од информациите се собрани од искуството на авторите и практикувањето на гастрономијата, како и користејќи го интернетот и дигиталните речници како извор на информација. Имајќи предвид дека ова е прво издание на речникот, можеби сме пропуштиле некои важни термини од значење за гастрономијата. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание на речникот

    Раскази за ловот, а патем и за рускиот народ во XIX век

    Get PDF
    Поговор кон „Записите на ловецот“ Том 1 и 2 од рускиот писател Иван Сергеевич Тургенв

    Зошто ни е потребна катедра за словенска филологија, односно славистика на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип?

    Get PDF
    Авторот укажува на потребата од основање на катедра за словенска филологија, односно славистика, на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Со оглед на фактот дека на почетокот од работата на Филолошкиот факултет не беше предвидена катедра за словенска филологија, односно славистика, наведени се неколку причини за потребата од отворање таква катедра, како и ползата што факултетот би ја имал од активностите на самата катедра. Од историски аспект Филолошкиот факултет е должен да го продолжи историскиот континуум на словенското просветителство и на славистиката во целина. Од современ аспект, со оглед на глобализацијата, треба да се грижи за зачувувањето на автентичноста на Словенството на полето на материјалниот и духовниот идентитет на словенските народи. Од национален аспект, на Република Македонија ѝ се потребни институции кои ќе помогнат во зачувувањето на македонскиот идентитет. Од културен аспект, проучувањето на историјата и културата е суштествен дел од изучувањето странски јазици, додека од академски аспект, присуството на славистиката како наука преку катедра за словенска филологија, односно славистика, ќе доведе единствено до зголемување на академското ниво на работата на факултетот и универзитетот воопшто. Од наведените факти, очигледно е дека постои реална потреба во иднина да се основа катедра за словенска филологија, односно славистика

    За сеќавањето и одговорноста

    Get PDF
    Поговор кон романот „И подолго од век трае денот“ од Чингиз Ајтмато

    Збор-два за неколку современи руски раскази

    Get PDF
    Краток осврт на неколку руски раскази од современи автори. Кога пред повеќе од петнаесетина години разговарав со еден познавач на руската литература, бев заинтригиран од неговото тврдење дека годините по распадот на СССР можат да се наречат „Бронзен век“ на руската книжевност. Првичната моја реакција беше неверување, потоа потсмев, за на крајот на разговорот да морам да му се извинам поради моето недоволно познавање и незнаење.Како течеше тој разговор: позната ви е ситуацијата кога во неврзан муабет, жалејќи се дека немате доволно време за добра книга, истовремено го давате и вечниот изговор дека „ништо ново не може да се прочита, сѐ е веќе напишано“. Мојот соговорник гласно се насмеа и ме прекори, велејќи дека се однесувам како некој за кого времето застанало во 1990 година. Следеше и неговото објаснување: „Добра книга веќе не мора да купиш во книжарница. Имаш богатство од добри книги на Интернет, треба само да знаеш како да ги најдеш. И да имаш волја и време за читање. Многу време“.„А добри раскази?“. Тој повторно се насмеа. Расказите што можете да ги про читате во превод на македонски, почитувани, се резултатот од тој разговор. И тоа е само еден многу, многу мал дел од она што може да се нарече современи руски раскази. Не беше потребно многу време да се пронајдат на Интернет, беше потребно многу време да се прочитаат, да се издвојат неколку од оние највпечатливите и да се преведат

    Глобализирани Словени - проблеми и перспективи, со примери од македонскиот јазик

    Get PDF
    Секојдневниот брз развој во современото живеење придонесува постојано менување на вредностите од една страна, а од друга страна предизвикува и забуна во општеството во однос на заземањето став кон тие промени. Постојат многу факти кои потврдуваат дека словенските народи се првите кои ги чувствуваат ефектите од глобализацијата. Научниците кои се занимаваат со славистика, тврдат дека веќе се видливи и позитивни, и негативни резултати од овој процес
    corecore