conference paper review

Времетраењето на постоперативната атријална фибрилација како маркер на тромбоемболиски ризик по кардиохируршка операција

Abstract

Вовед: Постоперативната атријална фибрилација (ПОАФ) е честа компликација по кардиохируршка операција и е поврзана со зголемен ризик од тромбоемболиски настани, особено цереброваскуларен инсулт (ЦВИ). Сепак, клиничкото значење на времетраењето на ПОАФ, особено кај краткотрајните епизоди, останува недоволно дефинирано. Цел: Да се процени влијанието на времетраењето на ПОАФ (≤48 часа наспроти >48 часа) врз ризикот од цереброваскуларен инсулт во раниот и доцниот постоперативен период. Материјали и методи: Во оваа ретроспективна, опсервациска, моноцентрична кохортна студија беа вклучени пациенти кај кои се развила постоперативна атријална фибрилација по кардиохируршка операција во периодот од јануари 2020–декември 2023.Пациентите беа стратифицирани според времетраењето на ПОАФ (≤48 часа и >48 часа). Примарен исход беше појава на цереброваскуларен инсулт во интрахоспиталниот, раниот (≤6 недели) и доцниот (>6 недели) период. Дополнително беше анализирана прогностичката вредност на CHA₂DS₂-VASc скорот. Резултати: Во интрахоспиталниот период, пациентите со ПОАФ >48 часа имаа значително повисока инциденца на ЦВИ во споредба со оние со ПОАФ ≤48 часа (5,41% наспроти 1,55%; p=0,0113). Во раниот постоперативен период (≤6 недели), инциденцата на ЦВИ беше исклучително ниска, со само еден настан, без статистички значајна разлика меѓу групите и без предиктивна вредност на CHA₂DS₂-VASc скорот (p=0,531). Во доцниот период (>6 недели), инциденцата на ЦВИ остана ниска и слична меѓу групите (1,84% наспроти 1,06%; p=0,6665). Сепак, кај пациентите со ПОАФ >48 часа, CHA₂DS₂-VASc скорот беше независен предиктор за доцен ЦВИ (OR 4,53; 95% CI 1,44–14,28; p=0,010). ЗАКЛУЧОК: Времетраењето на ПОАФ е значаен маркер за раниот тромбоемболиски ризик по кардиохирургија, со значително повисока инциденца на цереброваскуларен инсулт кај епизоди подолги од 48 часа. Иако апсолутниот ризик за доцен ЦВИ е низок, CHA₂DS₂-VASc скорот има прогностичка вредност кај пациентите со пролонгирана ПОАФ. Овие наоди сугерираат дека времетраењето на ПОАФ треба да се земе предвид при индивидуализација на тромбоемболиската превенција. Клучни зборови: постоперативна атријална фибрилација, тромбоемболизам, мозочен удар, антикоагулација, кардиохирургиј

Similar works

Full text

This paper was published in UGD Academic Repository.

Having an issue?

Is data on this page outdated, violates copyrights or anything else? Report the problem now and we will take corresponding actions after reviewing your request.