Обезбедувањето на сигурна трансфузија на крв и крвни деривати е од посебно значење за современата медицина, имајќи во предвид дека одредени инфекции во организмот се пренесуваат токму преку крвта, нејзините клеточни концетрати и плазма компоненти. Од таа причина утврдувањето на сигурна регулатива за начинот на земање на крв и нејзина контрола е важен императив и мотив за изработката на овој специјалистички труд.
Со сеопфатна статистичка анализа успеавме да ги детектираме најчестите инфекции кои потенцијално можат да бидат пренесени на друг организам. Целоснотo елаборирање на резултатите од овој труд ја покажува процентуалната застапеност на HBsAg (1,32%), анти-HCV (0,45%), анти-HIV (0,003%) и Treponema pallidum (0,10%) кај крводарителската популација, на досега утврдените трансфузиски трансмисивни заболувања, вулнерабилните групи на крводарители (возраст, пол, склоност кон одредени инфекции), степенот и ефикасноста на серолошката дијагностика применувана во Регионалниот центар за трансфузиона медицина во Штип во изминатите 10 години и начинот на превентива и дополнителна едукација на населението за ширењето на трансфузиските трансмисивни заболувања.
Овие резултати (претходно нотирани) укажуваат на потребата од постојана серолошка дијагностика и задолжителното тестирање на секоја крвна единица со ELISA тестови со висока сензитивност и специфичност, како и превземање на соодветни превентивни мерки, со што би се намалиле последиците од поголем број на трансфузиски трансмисивни заболувања