Терапија со еритроцитни концентрати сиромашни со леукоцити кај пациенти хронично зависни од трансфузија-наши искуства

Abstract

Реално да се прикаже ефектот од терапија со еритроцитни концентрати сиромашни со леукоцити кај пациенти хронично зависни од трансфузија, хоспитализирани и лекувани во Дневната трансфузиолошка болница во Штип. Во периодот од 01.01.1999 година до 30.03.2000 година хоспитализирани се и лекувани вкупно 10 болни хронично зависни од трансфузија на еритроцитни концентрати сиромашни со леукоцити од кои 4 болни со Thalassemia major и 6 болни со Sy nyelodisplasticum. Болните беа трансфундирани еднаш месечно со по најмалку две дози на еритроцитни концентрати сиромашни со леукоцити. Даруваната крв беше земана со Baxter I Terumo кеси, а филтрирана со Baхter-Sepacell RS I Pall Purecell RH филтри. Со употреба на овие филтри добиени се еритроцитни концентрати сиромашни со леукоцити за околу 99-99,9% со што беа спречени несакани ефекти од трансфузија на алогени леукоцити

    Similar works