Десет годишните напори на РЕ трансфузиологија, Оптинскиот Црвен крст и сите потписници на Општествениот договор за унапредување на крводарителството, овозможија целосно покривање на потребите од свеѓа крв во работните единици на РО Медицински центар Штип.
Во изминатите 10 години планирани се вкупно 15.626 крводарувања. Собрани се вкупно 23.414 шишиња крв. Планот е исполнет со 149,8%.
Во овој труд се прикажани резултатите во период од 1979-1988 година по години, застапеност по возраст и пол, дарувања по прв пат и повеќе пати, како и социјалната структура на крводарителите