МАГИЧНИОТ РЕАЛИЗАМ И НЕГОВИТЕ РЕЛАЦИИ СО РЕАЛИЗМОТ

Abstract

This article is an exploration of the essence of magic realism. The search for its definition is based on the concept of realism. I outline the main differences and similarities between the two literary movements through a detailed comparative analysis. Magical realism is still realism. In other words, both realism and magical realism are artistic tools that study and describe reality, but they differ in their methodology. In particular, my article discusses the differences and similarities in: method of portraying reality, character portrayal, descriptions, narrative, role of the author, style etc. My comparative study brought about the following results: Realists tend to use logic and rationalism to connect to their audience, while magic realist authors use transcendental experiences, intuition and magic; Realists write portrayals by referring to the ambient. Whereas magic realists write portrayals by referring to an instrumental marvelous detail; Realists usually provide detailed descriptions, while magical realists use baroque-like exaggeration; On one hand, realism is characterized by firm, causal and logical narratives. On the other hand, the narrative of magical realists is spread out and harder to follow; The role of the realist author is obvious – to describe the plot in a direct manner. Whereas, magical realist authors tend to bring about plot details indirectly or in unfamiliar ways; The tone of realist writers is calm and their writing is abundant with clear precise statements. Magic realists are not known for a clear writing style. In fact, their writing is reflective and full of ambiguous descriptions and interpretations.Оваа статија се занимава со откривањето на суштината на магичниот реализам преку неговата релација со реализмот. Во неа се потенцирани разликите и сличностите на двете уметнички движења до кои се доаѓа преку детално изведената компаративна анализа. И двете движења се поврзани со категоријата на осознавањето, кои, подоцна, во зависност од методологијата што тие ја користат за да ги остварат целите и барањата, што ги упатуваат кон своите претставници, се развиваат во категории со различни својства. Опфатени се сегментите: метод за осознавање на стварноста, портретирање лик, опис, фабула, ангажираност, стил и др. Компаративната анализа доведе до следните резултати: Реалистите се потпираат врз логичкиот метод и рационализмот, додека магичнореалистичните писатели користат трансцедентни искуства, интуиција и магија; Реалистите портретирањето го изведуваат со помош на амбиентот, додека магичнореалистичните писатели користат портретирање со помош на некој инструментализиран чудесен детаљ; Реалистите користат детализација на описите, додека магичнореалистичните писатели користат техника на изразување која се состои од барокно натрупување на зборови; Kарактеристика на релизмот е цврстата, причинско-последователна и логички развиена фабула, додека во магичниот реализам фабулата честопати е разбиена и тешко се следи; Ангажираноста на писателот-реалист е директна, додека магичнореалистичните писатели отвораат реални проблеми, индиректно или по заобиколен пат; Стилот на реалистот се одликува со спокојниот тон на неговите фрази и со точно изразување што го ослободува од многу стилски украси, додека за магичнореалистичните писатели не е карактеристично јасното изразување, туку сè се одвива во некакво насетување, со двосмислени описи и толкувања на настани

    Similar works