Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Economics-Skopje
Abstract
The predicate is a constitutive part of the sentence and, as such, it is critical for successful syntactic analysis of sentences. Taking into account everyday practice of higher education, it is clear that students have difficulties determining the predicate in sentences. The goal of this paper is clear, it is to examine the causes for the widespread insufficient competency to determine the predicate in sentences in students of higher education. The research has a qualitative paradigm (content analysis). It analyses the Macedonian language-teaching curriculum and textbooks (sample) regarding the predicate in the primary and secondary education in the Republic of Macedonia. It also has a quantitative paradigm, fot it analyses the thoughts and attitudes of 200 students (from all the regions in Macedonia) (sample) which attend the courses of Modern Macedonian language and courses of the Syntax of the Macedonian language in the Faculty of Education in Bitola. The methods for processing the data and gaining conclusions are analysis, comparison and synthesis. The results show that the Macedonian language curriculum and textbooks are the causes for the students’ insufficient competencies to determine the predicate in a given sentence. The concepts of simple and complex verb predicates and simple and complex predicates that require complement are introduced too late, in the third year of the secondary education (vocational and gymnasium), and they are often explained incorrectly. These finding are confirmed by the survey of students, which shows that most of the students cannot determine the predicate in the sentence, and this refers especially to the complex predicates that require complement. Therefore, students cannot make correct syntactic analysis of sentences. According to the students, the elementary and secondary school’s teachers pay a great attention to literature and neglect grammar.Прирокот е основен конститутивен член на реченицата и од неговото правилно усвојување во наставниот процес зависи успешноста на синтаксичката анализа на реченицата. Ако се има предвид нашата секојдневна наставна практика во високото образование, која покажува дека во реченицата најтешко се открива прирокот, тогаш станува јасна и целта на трудот, а тоа е да се испитаат причините за недоволните синтаксички компетенции на студентите во однос на прирокот во високото образование. Истражувањето има: квалитативна парадигма, односно се анализираат Наставната програма и учебниците по Македонски јазик за основно и средно образование, (примерок), од гледна точка на информациите што во нив се застапени за прирокот; квантитативна парадигма, односно се анализираат ставовите и размислувањата на 200 студенти од сите региони на Македонија, (примерок), кои ги слушаат предметите Современ македонски јазик и Синтакса на македонскиот јазик на Педагошкиот факултет во Битола. Од методите за обработка на податоците и донесување на заклучоци се користат анализа, компарација и синтеза. Резултатите од истражувањето покажуваат дека токму во Наставната програма и во учебниците по Македонски јазик се наоѓаат причините за недоволните синтаксички компетенции на студентите, во однос на прирокот, зашто поимите прост и сложен глаголски и прост и сложен глаголско-именски прирок се воведуваат дури во трета година од средното образование (стручно и гимназиско) и зашто нивното објаснување е многу кратко и погрешно. Овие наоѓања се потврдуваат со резултатите од студентската анкета која покажува дека најголемиот број студенти не знаат да го определат прирокот во реченицата, што, особено се однесува на сложениот глаголско-именски, па, оттука не можат да направат и правилна синтаксичка анализа на реченицата. Според студентите, наставниците во основно и средно образование поголемо внимание му посветуваат на подрачјето Литература и неоправдано го занемаруваат подрачјето Граматика