Истанбулска конвенција-сеопфатна регулатива или уште едно парче хартија во низа

Abstract

Човековите права –синоним за еднаквост, недискриминација, рамноправност...по defolt меѓудругото иницира нормална еднаквост помеѓу мажите и жените. Умешно осмислено теоретски, катастрофално применето практично...Вака може да се започне приказната која нема почеток, а за жал во догледно време нема ни крај, крај не само на нееднаквото валоризирање на женскиот труд на еднакво ниво со машкиот, туку пострашно сценарио за жените жртва на насилство. Енормен е бројот на меѓународните документи кои се обидуваат да се справат со овој глобален проблем, да ги анулираат или редуцираат штетните последици кои и те како ги трпи женскиот род... Но илузорноста е во фактот што, колку е поголем бројот на механизми за борба и заштита на жените од секаков вид на насилство, насилството над истите се зголемува рапидно. Па се наметнуваат низа прашања, зошто е тоа така, каде затајуваат надлежните институции, колку е (не)успешна законската регулатива, какво е влијанието на непишаното право, дали се потребни нови инкриминации....? Долга низа прашања на кои нема соодветни одговори...се додека не се појави Истанбулската Конвенција? Дали ова ново парче хартија со меѓународен предзнак нешто ќе промени? Што и како е регулирано со истото? Какви мерки се имплементираа во другите држави под влијание на оваа конвенција? И Македонија не остана имуна на новиот меѓународен предизвик, да се обиде со ратификација да промени нешто во националното законодавство. Но што како држава имаме преземено, каква заштита може да се обезбеди за жртвите од насилството, дали се направени корекции низ призмата на правото? Клучни зборови: конвенции, насилство, еднаквост, недискриминација, права..

    Similar works