Употреба на анализа на конечни елементи во стоматолошка протетика

Abstract

Методот на конечни елементи (МКЕ) претставува серија на процедури и калкулации со кои се одредува оптеретувањето на секој елемент, со што се одредува со кој метод ке се реши случајот и поставената ситуација. Таа структурна анализа овозможува да се одреди стресот кој ќе настане од некоја надворешна сила, притисок, промена на температура и други фактори. Оваа метода е многу корисна за да се одреди механичкото влијание на биоматеријалите врз гингивалното ткиво бидејки тоа тешко може да се измери во живо. Потоа добиените резултати можат да се студираат и да се користат при методот на конечни елементи во посебен софтвер кој се користи да се одредат потребните параметри и комплетно да се идентификува каде ке се примени анализата. Оваа тема го објаснува основниот концепт, предностите, границите и употребата на методот на конечни елементи во стоматологијата. Клучни зборови: Анализа на конечни елементи, 2D модел, 3D модел, забно оптоварување

    Similar works