Брзиот развој на технологијата создава услови за динамичен развој на електронските ресурси кои даваат значителен придонес во проучувањето на јазиците. Дигитализизацијата овозможува пренесување на знаењата и информациите на нови, современи носачи на податоци со помош на кои побрзо и полесно се доаѓа до бараната информација. Така, се создаваат повеќе програми и електронски алатки со кои се дава можност за брзо и ефикасно пребарување на речниците и енциклопедиите, проверка и корекција на правописот, граматиката и сл. Во овој труд сакаме да ја претставиме улогата на електронските лексикографски ресурси за француски јазик во истражувањата на заемките коишто од ден на ден стануваат сè побројни. На интернет мрежата можат да се консултираат повеќе онлајнречници (Trésor de la langue française, Dictionnaire de l'Académie française, Dictionnaire Visuel, Dictionnaire Larousse, Dictionnaire Electronique des Synonymes, Le grand dictionnaire terminologique и др.) кои до неодамна беа објавувани само во традиционалната хартиена форма и даваат значителен придонес во истражувањата на заемките