Во овој труд ќе се задржиме на местото и улогата на методиката во современото образование
како едукативен процес, во кој методиката со својот интердисциплинарен карактер се здобива со статус
на научна дисциплина, чиј предмет на истражување, не се само методите, туку и целиот систем на
образование, кој го гледаме како курикулум, кој претставува нов начин на планирање, организирање и
изведување на наставата. Теоријата и практиката на воспитанието и образованието, како една од
основните животни и културолошки дејности на човекот го определува и местото на методиката во
современиот воспитно-образовен систем и нејзината улога во остварувањето на резултатите од
воспитно-образовниот процес