research

Придонесот на Оливера Јашар-Настева во збогатувањето, стабилизацијата и стандардизацијата на турските лексички елементи во македонскиот јазик.

Abstract

Апстракт: Многу малку лингвисти во Македонија имаат толку многу трудови воедно во две области, во облата на македонскиот и на турскиот јазик. Оливера Јашар – Настева со целокупната своја работа е еден од тие ретки лингвисти. Исто така, таа има и многу компаративни трудови. Но нејзините најважни трудови се за турските лексички заемки кои квантитативно и квалитативно го збогатиле македонскиот јазик и кои во голем дел се употребуваат денес во различни области. Оливера Јашар – Настева во текот на целиот свој живот ги проучуваше турските лексички заемки во нестандардната и во стандардната лексика и го збогатуваше македонскиот јазик со нив. Меѓутоа, нејзината работа влијаеше и на стабилизацијата и на стандардизацијата на турските лексички заемки во македонскиот јазик. Сите лексиколошки трудови што таа ги редактирала или раководела се беспрекорни и денес се најсигурни извори во однос на турските лексички заемки во македонскиот јазик. Клучни зборови: Оливера Јашар – Настева, македонски јазик, турски јазик, турски лексички заемк

    Similar works