thesis

Оптимизација на погонските трошоци кај водоснабдителните системи преку зголемување на енергетската ефикасност

Abstract

Сведоци сме на брзиот раст на цените на енергенсите, а постојат и реални очекувања дека тие и во иднина ќе растат, така што се јавува потреба од користење на енергетско ефикасни објекти. Примената на енергетско ефикасни објекти ќе придонесе за намалување на загубите и трошоците за топлинска и електрична енергија. Секаде каде што се користи енергија постојат можности за зголемување на нејзината ефикасност. Во најголем број случаи, мерките за енергетска ефикасност самите се отплаќаат преку намалување на трошоците при работа, односно преку плаќање на пониските сметки за потрошената електрична енергија и моќност. Водоснабдителните системи по правило се големи потрошувачи на електрична енергија и моќност. Инвестициите во зголемување на нивната енергетската ефикасност не само што имаат економска димензија, туку овозможуваат и заштита на животната средина. Намалувањето на потрошувачката на енергијата има позитивен ефект врз животната средина, пред сѐ затоа што со намалената потрошувачка на фосилни горива, паралелно се намалува и емисијата на штетни гасови. Токму затоа, предмет и основна цел на истражување во овој труд е зголемувањето на енергетската ефикасност кај водоснабдителните системи, односно дефинирање на методи и начини за модернизација на енергетскиот систем со цел намалување на неговите погонски трошоци и обезбедување на висок квалитет и сигурност во процесот на испорака и снабдување со комунална вода до сите крајни потрошувачи. „Она што треба да се направи е, подобрување на стандардите за енергетска ефикасност, развој на обновлива и алтернативна енергија и примена на еден ресурс кој постои во изобилство, кретаивноста" Луис Капс Клучни зборови: водоснабдување, електрична енергија, моќност, трошоци, анализа, оптимизација

    Similar works