Хроничната ренална инсуфициенција и покрај високо развиената и современа ренална заместителна терапија сепак претставува состојба која носи висок инвалидитет. Во целокупниот третман на овие болни неопходно е активно да биде вклучена и целокупната средина особено семејството на болниот, неговата работна организација, но и целото општество. Овие болни честопати се сметаат за хендикепирани и се маргинализирани, отфрлени и заборавени од страна на околината