thesis

Влијанието на колаген индуцираниот артритис врз активноста на аsт и аlт кај белиот лабораториски стаорец

Abstract

Промените што настануваат кај организмот во борбата за зачувување на внатрешната хомеостаза и одбрана на истиот, како од надворешните фактори, така и од навлезени агенси во него, се одбрамбени механизми со кои се овозможува преживување на истиот во таква состојба. Мегутоа, манифестирањето на тие промени зависи од карактерот, интензитетот и времетраењето на дејствувањето на агенсот, како и од физиолошките карактеристики: пол, возраст, здравствена состојба, и истите не секогаш сe успешни за да организмот преживее. Колаген-индуцираниот артритис доведува до автоимуно инфламаторно воспаление, што пак, од своја страна, не само што доведува до отоци, деформитети и ограничена подвижност на зглобовите, туку предизвикува и изместување како на хематолошките така и на биохемиските параметри во крвта, односно, во серумот кај организмот. Испитувани беа ефектите на колаген-предизвиканиот артритис, односно автоимуната реакција и воспалението, врз некои параметри на црниот дроб, како протеините, DNА, RNА, нуклеарниот индекс, нуклеарниот волумен, активноста на AST и ALT во серум од крв на експериментални во однос на контролни животни. За таа цел, како експериментални и контролни животни, беа користени бели лабораториски стаорци од сојот Wistar. Од испитувањата се дојде до сознание дека активноста на аспартатамино трансферазата и на аланинамино трансферазата кај контролната група на стаорци, кај сите единки, се движи околу некоја нормална референтна вредност, додека кај третираните експериментални животни со индуцирањето на артритисот сигнификантно се зголемува AST, додека вредностите на ALT се зголемени, но остануваат на ниво поблиску до контролната група. Релативната содржина на протеините во црниот дроб и нуклеарниот индекс се намалуваат, додека релативната содржина на DNА, RNА и нуклеарниот волумен се зголемуваат

    Similar works