research

Определување на масни киселини во масла за јадење со техника на капиларна гасна хроматографија

Abstract

Концентрацијата на масни киселини во маслата за јадење, како и односот помеѓу незаситените и заситените масни киселини во нив, е исклучително важен индикатор за определување на хранливата вредност на маслата. Аналитичките методи кои се применуваат за идентификација и определување на масните киселини со примена на техниката на капиларна гасна хроматографија, најчесто вклучуваат дериватизација на масните киселини со BF3 во метанол или со H2SO4 во метанол, при што масните киселини се определуваат како метил естри. Меѓутоа, реагенсите кои се користат за сериватизација се токсични и корозивни. Цел:Од овие причини, цел на нашите испитувања, беше да се разработи едноставна, брза, прецизна и точна метода за определување на содржината на масни киселини со долг низ: C16:0; C18:0; C18:1;C18:2 и C18:3 во масла за јадење без употреба на реагенси за дериватизација. Методата за определување на масните киселини во маслата за јадење вклучува развој и оптимизирање на експерименталните услови за изолација на масните киселини од маслата како и нивна идентификација и определување со техника на капиларна гасна хроматографија. Принцип на методата: По сапонификацијата која се врши со метанолен раствор на KOH (0,5 mol/l), масните киселини се ослободуваат со додавање на 25 % (волумен/волумен) раствор на хлороводородна киселина (pH=3), по што се екстрахираат со петрол-етер (40-60). Масните киселини се определуваат како слободни (недериватизирани) со техника на капиларна гасна хроматографија (GLC) со употреба на HP-FFAP колона. Идентификацијата и определувањето на секоја поединична масна киселина се врши со споредба со соодветен референтен стандард. Споредбата на добиените резултати за определување на масните киселини (C16:0; C18:0; C18:1;C18:2 и C18:3) во сончогледово масло за јадење (n=40), добиени со директната метода на определување, како и на резултатите добиени со методата за определување како метил естри (со дериватизација со употреба на H2SO4 во метанол), не покажуваат статистички значајна разлика. Клучни зборови: капиларна гасна хроматографија, колонска хроматографија, масни киселини, метил естри на масни киселини, масла за јадењ

    Similar works