research

Претприемничка иницијатива, претприемништвото и малите претпријатија во Република Македонија

Abstract

Последните години интересот за проучување на претприемништвото се повеќе се зголемува а професијата претприемач се повеќе станува посакувана професија. Претприемништвото и претприемачите се од големо значење за растот на една економија. Суштината на претприемништвото се состои во откривање на поврзаноста помеѓу можностите и иновативноста на поединците-претпреимачи. Претприемништвото претставува процес на искористување на можностите а претприемачите личности кои ги откриваат и создаваат можностите, ги искористуваат и создаваат најразлични аутпути, нови производи или услуги или модифицирање, усовршување на постојните., отварање на нови пазари, користење на нови суровини и сл. Создавањето на нов успешен бизнис е тешка работа. Секој сака да ја искористи можноста и да профитира од тоа. Секаква идеја за нов производ, услуга, суровина, пазар или производствен процес која може успешно да се продаде претставува можност за претприемачите на малите претпријатија. Основна цел на овој труд е истакнувањето на важноста на претприемничката иницијатива како основа за започнување со мал бизнис како и прикажување на начините преку кои претприемачот може да започне со бизнис

    Similar works