research

Секциско предавање на тема Интерференција на културните семиосфери во македонската книжевност низ ликот-знак Александар Македонски

Abstract

На IV Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: Исток – Запад“ што се одржа во Свети Николе на 19 и 20 април 2013 година во организација на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Ранко Младеноски учествуваше со секциско предавање на тема „Интерференцијата на културните семиосфери во македонската книжевност низ ликот-знак Александар Македонски“. Како што истакна Младеноски во текот на секциското предавање, станува збор за една екстензивна и интердисциплинарна тема што ја опфаќа сета македонска книжевност од фолклорот па сè до современите книжевни текови од аспект на улогата на Александар III Македонски како лик-знак што во своето семантичко поле интегрира бројни култури

    Similar works