research

Сепса

Abstract

Поголем дел од случаите на сепса се јавуваат како резултат на инфекција на уринарниот тракт,белите дробови или перитонеумот. Други извори на инфекција вклучуваат сепса на кожата, меките ткива и централниот нервен систем. Околу 50% од случаите на сепса се предизвикани од грам- негативни бактерии,а помалку од 50% се предизвикани од грам- позитивни бактерии. Поретки причини за сепса се габични инфекции и вируси, како што се ХИВ и протозоите .Цел: Статистичките извештаи за бројот на заболени од сепса, зголемениот морбидитет, морталитет и причините за нивната појава беа доволен поттик со овој труд да дадам придонес во кој било сегмент од проблематиката поврзана со ова заболување. Главна цел на трудот е дефинирање на причините за зголемениот број на заболени од сепса, нивното влијание врз пациентите и персоналот кој работи во здравствените установи. Материали и методи: За да добиеме одговор на прашањата формулирани како цел на овој труд, гo анализираме покажувањето на статистичкото движење на бројот на сепси и како се движи во Штип преку статистичката обработка на податоците. Во изработката на овој труд е применет дескриптивен метод во прибирање и обработување на податоците со табеларно прикажување на резултатите. Користени се:статистичките податоци кои ќе бидат добиени и обработени од истражувањата направени во ЈЗУ Клиничка болница – Штип

    Similar works