research

Културниот трансфер како основа за политичка мобилизација: Теоретски претпоставки за релациите помеѓу културата, етничката припадност и национализмот

Abstract

Факторите на генерирање предуслови за политичка мобилизација зависат од конкретните услови во кои истата се одвива. Во овој труд се прави обид да се синтетизира теоретската рамка со емпириските факти. Теоријата се однесува подеднакво на политичките теории, но и на факторите на синтеза на културата, етницитетот и национализмот. Притоа се тргнува од претпоставката дека политичката мобилизација и нејзините конкретни форми се во основите на модерниот концепт на нацијата- држава и суверенитетот, а основното врзивно средство се бара во конкретните идеологии, во прв ред национализмот. Доколку во рамките на империјалниот модел масовната мобилизација се врзува за религијата и традиционалната улога на монархиите, дотогаш модерното општество, како рационален систем, има потреба са соодветен супституент. Емпириската поткрепа ќе се бара во рамките на современите политички контексти, со посебен осврт на македонското општество. Особено во моменти на криза или клучни политички настани, политичката мобилизација многу често се врзува со конкретните етнички, културни и национални сентименти на различните групи. Дури и поставеноста на политичките партии во голема мера се темели на овие фактори, создавајќи слика на етнички предопледелени политички субјекти. Обезбедувањето на помасовна мобилизација најчесто се врзува подеднакво и со националните симболи, но и со културните маркери на групите. Сепак овие претпоставки не упатуваат на заклучокот дека ваквите фактори се единствен извор на мобилизација и се остава простор за социјалниот статус, политичката ориентација или харизматските потенцијали на лидерот да бидат подеднакво важни

    Similar works