research

Фактори за развој на перманентна опструкција на дишните патишта кај пациенти со тешка астма

Abstract

Реверзибилност на опструкцијата и бронхијална хиперреактивност се обележја на астмата како заболување. Но кај дел од пациентите се развива перманентна опструк- ција на дишните патишта која не реагира на стандардната терапија, има поизразен мор- бидитет, присуство на коморбидитети и лош исход. Мотив и цел. Дефинирање на факторите кои придонесуваат кон појава на иреверзибилна опструкција и можност за нивно модифицирање би било значајно во превенирање на морбидитетот кај пациентите, поради што се обидовме да ги утврдиме ризик факторите за појава на перманентна опструкција, и разликите во однос на пациентите со реверзибилна опструкција на дишните патишта. Материјал и методи. Спроведовме ретроспек- тивна студија во која вклучивме 70 пациенти заболени од тешка астма, кои во текот на 2010 и 2011 година се лекувале амбулантски или болнички на Интерно одделение во Клиничка болница Штип. Испитаниците беа на возраст над 14 години, со најмалку еден респираторен симптом: диспнеа, кашлица, продукција на спутум или визинг подолго од три месеци, секојдневни симптоми и чести ноќни симптоми, чести егзацербации и FEV1 помалку од 60% од предвидената вредност. За реверзибилна опструкција се сметаше доколку постои подобрување на FEV1 најмалку 12% после инхалација на бронходилататор. Пациентите беа поделени во две групи, прва група со перманентна опструкција на дишните патишта и FEV1/FVC < 0.7 на најмалку две последователни спирометрии, и втора група со реверзибилна опструкција и FEV1/FVC > 0.7. Ги бележевме должината на траење на болеста, возраст на заболување, број на егзацербации, присуство на риносинузитис, атопичен статус и резултати од лабораториски тестови. Потоа ги споредивме сите параметри помеѓу двете испитувани групи за да утврдиме значајни разлики помеѓу истите. Резултати. Од вкупно 70 испитаници, 36 (51%) имаа перманентна, а 34 (49%) имаа ре- верзибилна опструкција на дишните патишта. Испитаниците со перманентна оп-струкција беа значително постари (59,7 години) од оние со реверзибилна опструкција (48,2 години) и повеќето беа мажи (64%), со подоцна возраст на заболување (47,5 години) во однос на испитаниците со реверзибилна опструкција (37,7 години) и имаа подолг пушачки стаж (30 pack-years) во однос на испитаниците со реверзибилна опструкција (14 pack-years). Ри- носинузитисот пак беше значајно почест кај испитаниците со реверзибилна (63%) отколку кај испитаниците со перманентна опструкција (47%). Не утврдивме значајни разлики во однос на бројот на егзацербации, БМИ, атопичниот статус, ниту значајни групни разлики во ла- бораториските анализи (ИгЕ, ЦРП, крвна сли- ка, леукоцитна формула). Како најзначаен независен ризик фактор за иреверзибилност на опструкцијата се покажа пушењето, исто и долготрајна болест над 15 години и отсуство на риносинузитис. Заклучок. Утврдивме дека подолго траење на болеста без пропратен риносинузитис и пушење се ризик фактори за развој на иреверзибилна перманентна опструкција на дишните патишта кај пациенти со тешка астма и прекин на пушењето може да има значаен бенефит за овие пациенти. Треба да се раз- бере хетерогеноста на пациентите со тешка астма, и со понатамошни истражувања кои би ги разјасниле механизмите на настанување на разните субтипови би можело да се превенира напредувањето на опструкцијата и нејзините последици

    Similar works