research

Сајбер нападите како најсовремени закани врз воените операции и критичната инфраструктура

Abstract

Овој труд се фокусира на сајбер нападите како една од најголемите загрижености во светот на глобалните безбедносни закани, со можности за импликации врз сите сфери, почнувајќи од поединците, индустриските системи, владините и државните институции, па сѐ до големите интернатионални организации. Сајбер нападите за многу брзо време прераснаа во една од водечките закани врз комплетниот безбедносен систем како на национално, така и на глобално ниво. Сè поголема е свеста и кај најмалите познавачи на оваа проблематика дека сајбер закана може да предизвика огромни штети кои не би се разликувале од штетите нанесени со било каква воена операција, а сајбер оружјето, на многу посуптилен начин, може да одземе повеќе животи од било каков конвенционален напад. Владите низ целиот свет, како и сите големи светски организации, се подготвуваат да се справат со овој масивен технолошки повик за закани од глобални размери. Свеста за заканата и ризиците е висока, што условува, и покрај кризната економска ситуација во светски рамки, издвојување на големи финансиски средства со цел подготовка за одговор на нови вонредни состојби кои би биле причинети од глобалните сајбер напади

    Similar works