Приказ на хируршки третман на аневризма на десцендентна аорта преку предна стернотомија. Материјал и методи 66 годишен човек, со градна болка и историја за хиртензија и претходно дијагностицирана аневризма на десцендентната аорта (ДАА) со хронична аортна дисекција, беше донесен во нашиот центар за оперативен третман. Хируршки пристап беше преку предна стернототмија, вклучувајќи ја десната а.субклавија и десната феморална артерија за артеријска канулација и десниот атриум за бенска канулација. Комплетна графт замена на десцендентната аорта беше направена, cross-clamping проксимално беше меѓу левата заедничка каротида и левата субклавијка и дистално на терминалниот дел на торакалната аорта, комбинирајќи ја умерената хипотермија со антеградна и ретроградна артеријска перфузија