Идетификација и изолација на некои флавоноиди и фенолни киселини од Verbascum scardicolum Bornm. и Melampyrum scardicum Wettst. со некои хроматографски методи
Заради бројни предности, како што се видовата специфичност и едноставната детекција (особено со поновите хроматографски техники), флавоноидите се погодни како таксномски маркери. Познавањето на флавоноидниот состав овозможува хемотаксономски квалитативно да се испита евентуалното сродство помеѓу одредени растителни групи.
За разлика од другите припрадници на Verbascum или Melampyrum, не постојат литературни податоци за хемискиот состав на ендемичните видови Verbascum scardicolum и Melampyrum scardicum. Со цел овие видови да се доведат во врска со други видови од истиот род, испитувани се за присуството на дваесет и еден фалвоноид и две фолни киселини. Притоа, употребена е реверзно-фазна високоефикацна течна хроматографија, а компонентите се детектирани преку споредба на ретенционите времиња и податоците од ултравиолетовата спектроскопија со соодветни податоци за стандардните примероци