research

Определување на содржина на тешки метали во почви од Злетово

Abstract

Во овој труд е определена содржината на 10 тешки метали во 679 примероци од 400m x 400m мрежа од Злетово, со методата на атомско емисиона спектрометрија (As, Cd, Co, Cr, Cu, Pb, Zn и Mn) и атомско абсорпциона спектрометрија со ладни пареи. За идентификување на загадените делови од испитуваната област, е искористена едноелементна статистичка анализа на добиените вредности (exploration data analyses). Најдени се зголемени концентрации за тешките метали во испитуваната област, посебни за Cd, Pb, Zn и Mn, јасно го одцртувааат излевањето на јаловиштето. Исто така високи концентрации на овие метали се најдени и в осеверниот дел од испитуваната област, последица на рударските активности во рудниците Злетово. Се забележуваат и подрачја со високи концентрации за испитуваните тешки метали, за кои причината за зголементи концетрации е од природно потекло, како за Pb, Zn, As во најсеверните подрачја од испитуваната област, или високите концентрации за As во мерните точки јужно и југоисточно од Пробиштип, како и Ni во мерните точки северозападно и југоисточно од испитуваната област

    Similar works