ИНКЛУЗИВЕН ПАЗАР НА ТРУД

Abstract

Основен проблем на кој се задржува овој труд е капацитетот иможностите на македонскиот пазар на труд за вклучување наранливите и маргинализирани групи на граѓани кои бараат работа. Вотаа смисла трудот ги опфаќа реалните политики кои се спроведуваатво насока на интеграција на ранливите групи, како лицата соинвалидитет, самохраните родители, жените жртви на семејнонасилство и други, преку нивно вработување. На тој начин сеанализираат ефектите на трудовата интеграција и нејзините ефективо пошироката општествена интеграција на овие ранливи групи. Вотрудот се дава јасна слика за нормативната рамка која го регулираова прашање, нејзините добри и лоши страни, како и потребите заподобрување и развивање на инклузивен пазар на труд воМакедонија, кој ќе се темели на принципите на недискриминација исоцијална правда. Во истражувањето јасно се согледуваатрамковните можности на македонскиот пазар на труд и неговиотапсорпционен капацитет воопшто, понатаму вклученоста намаргинализираните групи на граѓани во трудот, значењето нанивното вклучување во трудот, односно вработувањето ипошироките општествени ефекти.Методолошки во трудот се прави комбинација на емпирискитепоказатели со аналитичко-синтетичкиот метод, преку активно користење на правно-компаративната методологија која има за целпродлабочено разбирање на институтите кои се предмет на анализа.Во трудот се констатира и издвојува значењето и улогата наинклузивноста на пазарот на труд за ранливите групи на граѓани,како систем преку кој се овозможува најбрза и најефикасна пошироканивна општетсвена интеграција.&nbsp

    Similar works