Инциденца на акутен миокарден инфаркт во период од 2017-2019 година на Универзитетска Клиника за кардиологија, Скопје, Р.Северна Македонија

Abstract

Акутен миокарден инфаркт (АИМ) е дефиниран како некроза на срцевите миоцити со симптоми на акутна миокардна исхемија, со пораст и/или опаѓање на нивото на срцевите биомаркери, главно на високозензитивниот срцев тропонин и најмалку уште еден критериум: симптоми на исхемија, нови или настанати значајни промени на СТ-Т сегментот на електрокардиограм (ЕКГ), развој на патолошки Q запци на ЕКГ-то, докази од сликовни техники и/или интракоронарен тромб детектиран на ангиографија или аутопсија. Основна цел на трудот е да се прикажат пациентите со акутен миокарден инфаркт во рок од три последователни години, поделени според начинот на лекување. Податоците се превземени од Универзитетската Клиника за кардиологија-Скопје, ретроградно, во тек на три последователни години од 2017-2019година. Во 2017 година од вкупно 767 пациенти со АИМ, со пекутана коронарна интервенција (ПКИ) биле стентирани 722 пациента (94.13%), а 12 пациенти биле со повеќесадовна болест и биле упатени за коронарна бајпас хирургија (АЦБП), додека 33 пациенти биле третирани медикаментозно. Во 2018 година биле примени 1098 пациенти, од нив 1054 стентирани (95,99%), 12 пациенти упатени на АЦБП, а 32 пациента биле третирани со медикаментозен третман. Во 2019 година примени се 1082 од кои 1039 пациенти се стентирани (96,02%), 18 пациенти упатени за АЦБП и 24 пациенти биле третирани медикаментозно. Најголем дел од пациентите се лекувани со перкутани коронарни интервенции со стентирање на кулприт лезијата, а помал дел со повеќесадовна болест биле упатени за АЦБП. Оние пациенти кои се јавиле на лекар >48 часа од почетокот на болката, биле третирани со медикаменозна терапија. Клучни зборови: акутен миокарден инфаркт, перкутана коронарна интервензија, коронарна бајпас хирургиј

    Similar works