Адолесцентскиот роман „Бруклин“ од Дамјана Видическа - роман за живеењето со стравот, вината, љубовта и надежта

Abstract

Романот „Бруклин“ од автората Дамјана Видическа е објавен во 2015 година од издавачката куќа Македонска реч, Скопје. Во моментот на објавување на романот, авторката Дамјана Видическа е одвај полнолетна, но нејзината книжевна реч говори дека пред нас имаме квалитетно, талентирано книжевно перо. Вредноста и значењето на овој роман е дотолку поголема, затоа што е напишан од адолесцент и многу веродостојно ни ги донесува и пренесува сите дамари и искушенија на адолесцентите. Романот се одвива на релација Скопје-Њујорк, поточно, дејството започнува да се раскрилува во моментот кога средношколката Даниела тргнува на патување кај роднините во Њујорк, поточно во Бруклин. Рамката на романот се затвора со нејзиното враќање од Њујорк кон Македонија. Радоста заради патувањето кај роднините е голема, но не само заради тое што летото ќе го помине во Њујорк, туку и заради поинаков „товар“ кој девојката го понесува со себе

    Similar works