Дилема со двојна дијагноза: Разоткривање на спондилодисцит и инфективен ендокардит кај пациент со замор, болка во грб и треска

Abstract

Инфекциите на рбетниот столб може да се презентираат со широк спектар на клинички симптоми. Најчест симптом е болка во грбот, но невролошки дефицити не се реткост. Целта на овој труд е да се акцентира на неспецифичните симптоми на замор, грбна болка и покачена телесна температура, кои се среќаваат кај различни болести и е потребно детално испитување со цел нивно етиолошко разјаснување. Презентираме случај на 67 годишен пациент кој беше примен на одделение за неврологија поради замор, долногрбна болка, покачена телесна температура и нестабилност во одот. Беа спроведени серија на дијагностички испитувања за да се утврди точната причина. Неспецифичните симптоми на малаксаност, слабост, екцесивното ноќно потење и треска разбудија сомнеж за можно кардијално потекло. Лабораториските анализи покажаа покачени вредности на СЕ и ЦРП, а хемокултурите беа негативни. MR на Л-С рбет откри хипосигнална, делумно лобулирана промена на ниво на Л-1 прешленско тело и хетеросигнален приказ на ИВ диск. Промената би можела да одговара на состојба на спондилодисцит. ЕМНГ наодот укажува на хронична лезија на проксималниот дел од моторниот неврон. Ехокардиографијата откри дилатирана лева предкомора, со задебелен митрален залисток и присутна хиперехогена топчеста маса во предел на врвот на преден митрален куспис. Иста таква формација се прати на интравентрикуларниот септум, суспектни за ендокардијални маси и тешка митрална инсуфициенција. Спондилодисцитот е честа придружна компликација на инфективниот ендокардит, најверојатно поради хематогената дисеминација на инфективниот агенс. Затоа, во сите случаи на спондилодисцит , присуството на инфективен ендокардитис треба темелно да се испита и да се исклучи. Kлучни зборови : спондилодисцит, инфективен ендокарди

    Similar works