Фестивал во кои се интегрирани повеќе содржини меѓу кои доминантни се културата и традицијата, во кои се дадени можности за истражување на традиционалниот текстил кои се изработувал во државите на Балканот, а кои како уметнички симболи чуваат инкорпорирани податоци за текстилното творење во Северна Македонија, Србија, Грција и Романија, а кои меѓусебно се поврзани преку материјалната и духовната култура на овие простори.
Истражувањето на традицијата преку прибирање на податоци од материјалното создавање на традиционалните носии и зачувувањето на таквото богатство ги обелоденува нивните вредности кои укажуваат на постоењето на овие народи и култури на овие простори. Овие маркатни симболи и денес ги овековечуваат текстилните богатства создавани на овие простори.
Преку овој меѓународен фестивал се откриваат етнолошкото, духовното и фолклорното богатство преку разновидноста и другите карактеристики присутни во целата содржина на фестивалот, а посебно народните носии кои го бележат овој регион. Па така секоја држава учесничка ги има своите специфики во народната носија, обичаите и фолклорот.
Во претходниот период, со прибирање на етнолошки материјал, фрагменти од носии и народни носии во целост, се истражени голем број на носии и се поставени во изложбата која е дел од овој фестивал. Со тоа овој фонд за изложба на традиционални влашки носии прилично се збогати и даде особен придонес кон целиот фестивал, покрај другите држави учесници.
Работилница за изработки на традиционални носии која се одржа во рамките на фестивалот на која се изработени 20 носии