ПРИМЕНА НА ФИНАНСИСКАТА АНАЛИЗА ВО ОЦЕНКА НА КРЕДИТНАТА СПОСОБНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

Abstract

Проценката на кредитната способност на компаниите е еден од најважните процеси од кои зависи квалитетот на побарувањата, односно квалитетот на кредитното портфолио и активата на една банка. Сите фактори кои влијаат врз ризиците со кои се соочуваат банките во нивното работење, од кои најзначаен е кредитниот ризик, се предмет на испитување во процесот на финансиската анализа, односно анализата на кредитната способност на компаниите. Процесот на финансиска анализа опфаќа анализа на работењето на компанијата во минатото и сегашноста, со цел за што поуспешно предвидување на нејзината идна деловна активност. Предмет на истражување во овој труд претставува утврдување и анализа на политиките и процедурите кои ги користат банките во проценката на кредитната способност на одделните компании, поконкретно да се утврди кои информации ѝ се потребни на банката во процесот на анализа на финансиските извештаи и на кој начин (преку примена на кои методи и техники) истите ги толкува, за да го оцени кредитниот бонитет на компанијата и нејзината способност за задолжување

    Similar works