Пулполити - локално присуство или симптом на системски заболувања

Abstract

Пулполитите, дентиклите, или пулпните камчиња, претставуваат ограничени промени во пулпното ткиво, дефинирани како минерална дегенерација. Мултикаузалната етиологија, се уште стриктно не прецизирана, ги прави овие елементи интересни за научната јавност и истражувачите. Последната деценија се повеќе се потенцира конекцијата на пулполитите со системските заболувања, или со исти такви елементи во плунковите жлезди, бубрезите, жолчното кесе и слично. Во презентацијата ќе бидат презентирани и хронолошки евалуирани современите аспекти за статусот на дентиклите, нивната конекција со слични калкулуси во организмот, како и можноста за рано детектирање на артериосклероза, исхемични промени и други системски заболувања, кои повеќе или помалку во даден момент го загрозуваат животот на популацијата. Дали детекцијата на дентиклите – пулполитите, претставува еден вид превентивна мерка, или првична симптоматологија за сериозни, системски нарушувања, ќе биде дел од ова предавање. Навидум безопасни, без особена симптоматологија, освен, при ендодонтската терапија на забите каде може да го усложнат третманот, камчињата на пулпното ткиво, може да претставуваат значаен симптом за системски нарушувања и хронични заболувања, па се препорачува внимателен и сериозен пристап при нивното откривање

    Similar works