Употреба на пиезохирургија за екстракција на импактирани мандибуларни трети молари

Abstract

Отстранувањето на импактираните трајни трети молари се смета за една од најчестите и рутински оралнохируршки постапки. Оваа интервенција вообичаено се изведува на класичен начин со употреба на насадни инструменти и борери. Како алтернатива на конвенционалниот пристап може да се користи пиезохихургијата која претставува техника на остеотомија заснована на ултрасонични вибрации. Круцијалната предност на пиезохирургијата е што таа е инертна кон меките ткива. Во литературата се среќаваат податоци дека е поприфатлива од аспект на интраоперативниот тек и постоперативниот морбидитет компарирано со ротирачките инструменти. Цел: Да се компарира пиезохирургијата со ротирачката техника на остеотомија при екстракција на импактирани мандибуларни трети молари со евалуација на времето потребно за изведување на интервенцијата и интензитетот на постоперативните секвели, вклучувајќи болка, оток и тризмус. Материјал и метод: Приказ на случај: пациентка кај која беа присутни импактирани мандибуларни трети молари симетрично поставени беше примена на Клиниката за орална хирургија. Поради поставеноста на импактираните молари во близина на мандибуларниот канал, се одлучивме едниот умник да се отстрани со помош на пиезоелектрична хирургија, а кај контралатералниот трет молар остеотомијата беше направена со помош на хируршки насадник и карбиден борер. Различни критериуми беа земени во обзир во текот на интервенцијата и во постоперативниот тек, со цел да се споредат двете техники. Резултат: За пиезоелектричната техника е потребно повеќе време отколку при конвенционалниот метод. Постои намален постоперативен дискомфорт после пиезохирургија. Заклучок: Постојат одредени предности за екстракција на импактирани мандибуларни трети молари со пиезохируршка техника на работа компарирано со конвенционалните ротирачки насадни инструменти. Достапните податоци ја истакнуваат можноста за помалку постоперативни секвели и подобрено заздравување во случаите каде е употребена пиезохирургијата, но со прологирано оперативно време

    Similar works