Семинар „Летна академија Танец“ - 2022

Abstract

На семинарот беа вклучени 30 ученици од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј" од Скопје, предводени од професорките Благица Илиќ и Теодора Ѓорѓиева фокусот беше свртен кон музичкиот и играорниот фолклор, на теренската и научната работа поврзани со фолклорната материја, како и формите на уметничка транспозиција, сценско поставување и презентација. Учениците преку работилници, покрај практичното свирење, пеење и играње, се запознаа и со технологијата на изработка на традиционалните инструменти и со спецификите на облековните елементи на народните носии. Предавачите беа професионалци вработени во Танец, етнокореолозите и играорци Катерина Кузмановска и Марјан Андоновски и надворешните стручни соработници од областа, етномузикологот проф. д-р Родна Величковска од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и етноорганологот проф. д-р Горанчо Ангелов од Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

    Similar works