4 Р (Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби и Пренамени)

Abstract

4 Р-Редуцирај, рециклирај, реупотреби и пренамени, социјална инклузија преку кружна економија Поддршка: Фондација Отворено општество-Македонија Целна група на проектот: текстилните компании од регионот, трговци со текстилни суровини, продавници за облека; медиумите, здруженијата на граѓани од регионот, единиците на министерство за животна средина, ЕЛС од регионот, граѓани; лицата во социјален ризик и лицата со посебни потреби од Општина Штип. Очекувани резултати: Зголемена свест на граѓаните за зачувување на животната средина во заедницата со промена на навиките при депонирање на отпад; Подобрена социо-економска состојба и намалена сиромаштија кај социјално ранливите категории на граѓани, со директно вклучување на пазарот на трудот преку стекнати вештини за преработка на текстил; Значително намалено количество на отпад на годишно ниво во депониите; Подготвеност за имплементација на законските решенија, информирана и упатена јавност за обврските и придобивките од Законот за управување со дополнителни текови на отпад; Зголемена иницијатива за развој на нови мали и средни бизниси, со стекнати знаења од овој проект; Едуцирани млади – здрава еколошка средина, денес и во иднин

    Similar works