Влијание на социо-економски услови во појавата на дентален кариес кај деца со трајна дентиција

Abstract

Резиме Епидемиолошки студии спроведени со цел да се оцени односот помеѓу оралното здравје и социо-економските услови укажуваат дека нискиот социо-економски статус е поврзан со повисока преваленција на забниот кариес. Се смета дека причината за поврзаноста помеѓу орално здравје и социо-економскиот статус се должи на фактот дека истиот овозможува /не пристап до ресурсите за добивање сознанија за оралното здравје, во кои особено се потенцира потрошувачката на шеќери, оралната хигиена, превентивни активности и редовни стоматолошки прегледи. За реализација на поставените цели опсервирани се деца по случаен избор од основните училишта во градот Штип. Вкупно 71 (100,00%) деца ја сочинуваат групата со трајна дентиција. Од нив 40 (56,30%) припаѓаат на експерименталната група во која 16 (22,50%) деца се од женски пол и 24 (33,80%) деца од машки пол. Во контролната група која ја сочинуваат 31(43,70%) деца, 10 (14,10%) деца се од женски пол и 21(29,60%) деца се од машки пол. Возрасната група од 12 години ја избравме по препораките на СЗО кои ја препорачуваат таа возраст за глобален мониторинг за забниот кариес и се однесува само на деца со постојана дентиција. Стоматолошките прегледи ги реализиравме со користење преносливи светилки со јачина од 60 W со бело-син спектар и стерилизирани пародонтални сонди бр.5 и огледалце. За да избегнеме визуелен замор, во текот на еден ден беа опсервирани најмногу 15 деца. За утврдување на социо-економскиот статус во семејствата на испитаниците и навиките на однесувањето кон денталното и орално здравје користевме специјално структурирани прашалници. Врз основа на анкетата и одговорите од прашањата за социо-економскиот статус во семејствата, вреднувањето беше следново: Skor 0 – висок, Skor 1 – среден, Skor 2 – низок. Дистрибуцијата на податоци кои се однесуваат на социо-економскиот статус на децата со трајни заби за експерименталната група 10 (14,10%) деца биле со низок социо-економскиот статус, 16 (22,50%) со среден 14 (19,70%) деца имале висок социо-економскиот статус. Во контролната група сите 31 (41,90%) деца биле со среден социо-економски статус. Во прикажаната дистрибуција на податоци за социо-економскиот статус на децата со трајни заби за Fisher's Exact Test=31,10 и p0,05) утврдена е слаба незначајна корелација. Со порастот на социо-економскиот статус на децата со трајна дентиција присуството на дентален кариес кај децата се зголемува. Асоцијацијата на социо-економските услови може да се користи како сериозен скрининг фактор и сериозно да партиципира како инструмент за проценка на ризикот од кариес. Клучни зборови: социо-економски услови, дентален кариес, трајна дентициј

    Similar works