Континуирано унапредување на кариерниот развој на лидерот

Abstract

Креирањето на кариерата е императив за лидерите кое го остваруваат преку развивање на личните способности и унапредување на деловните вештини. Kариерниот развој на лидерот и неговото континуирано унапредување е значајна предиспозиција за современиот менаџер кој се труди да ги исполни стратегиските цели на претпријатието и да обезбеди конкурентска предност. Подетално се елаборирани начините на унапредување на деловните вештини, како преносни вештини кои имаат сè поголема улога во современиот деловен свет. Во врска со лидерските вештини се и комуникативните способности и развивање на преговарачките способности, управување и рационално користење на времето, тимското работење, како посебна карактеристика на лидерите и начините на справување со конфликтните ситуации. Во тој поглед во трудот ќе се направи теоретска елаборација на значењето на карактеристиките, способностите, вештините, улогите и однесувањето на лидерите за градење на нивниот кариерен развој, како и практичните сознанија за состојбите на кариерниот развој на лидерите во организациите, преку обработени резултати, прикажани табеларно, графички и пресметковно. Клучни термини: развој, лидер, менаџер, вештини, тимско работење, кариер

    Similar works