Метрологија на геометриските карактеристики во функција на лабораториите за калибрација, производните и едукативните процеси

Abstract

Претставени се активностите кои се изведуваат при подготовка на лабораторија за калибрација на должини и агли за поднесување на пријава за исполнување на условите според стандардот ИСО 17025 за добивање на сертификат за акредитација. Преку анализа на стандардот ИСО 17025, а во зависност од претходно дефинираниот опсег за акредитација, се доаѓа до одлуката за потребниот број на процедури неопходни за реализација на предвидените активности усогласени со опсегот на акредитацијата. Воедно, се дефинира мерната опрема неопходна за изведување на процесот на калибрација, потребните метролошки карактеристики на мерната опрема и неопходната следливост на истата. Како резултат на погоре споменатите активности освен изработка на потребната документација за менаџмент со квалитетот во лабораторијата, неопходна е изработка и на документација која ќе го обезбеди соодветниот квалитет на изведување на калибрационите постапки (процедури), дефинирање иа методологија за определување на неодреденоста на резултатите од мерењето, како и потребата за подобрување на метролошките карактеристики на мерната опрема

    Similar works