Меѓународно хуманитарно право - водич за дисеминатори

Abstract

Меѓународното хуманитарно право (МХП) е дел од Меѓународното јавно право. Меѓународното јавно право ги регулира односите помеѓу државите во меѓународната заедница, како и односите помеѓу државите и меѓународните организации. Овие односи се уредуваат со обврзувачки правни норми и правила (his cogens), како и со општо прифатени принципи и воспоставени стандарди. На тој начин, меѓународното јавно право им овозможува на државите во светот да практикуваат стабилни, конзистентни и организирани меѓународни односи. Како дел од Меѓународното јавно право, МХП претставува систем на правила кои се применуваат во случај на вооружен судир од неговиот почеток, до завршување на судирот и се додека постојат последиците од вооружениот судир. Овие правила ги уредуваат односите во случај на војна или друг вид на вооружен судир кога државите добиваат статус на завојувани страни. Оттука произлегува и некогаш користениот назив Меѓународно воено право или Меѓународно право за вооружени судири

    Similar works