Оваа докторска дисертација е од комплексанта анализа, поконкретно, од геометриската теорија на функциите и пред се од теоријата на повеќелисните, а е опфатена и теоријата на еднолисните функции.
Дисертацијата содржи нови оригинални резултати кои се составен дел на четири трудови.
Истражувањата се насочени кон наоѓање на врски помеѓу некои класи на повеќелисни функции изразени преку импликации кои содржат неравенства. Понатаму, тие се насочени кон разгледување на израз за повеќелисни функции проучуван од Silverman за еднолисни.
Дадени се и нови критериуми за ограничено вртење со помош на модулот и реалниот дел на линеарната комбинација на f'(z) и f(z)/z, т.е., на
\alpha f'(z)+\beta f(z)/z.
Дисертацијата е завршена со идеи за понатамошни истражувања